На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Објавено во: Мои пари 18 Јануари, 2025
Пациент од Либија дојде специјално во Скопје, во Клиника Жан Митрев за да ги изврши потребните специјалистички прегледи. На Идрис Ал Сенуси од Либија за само еден ден му беа извршенидесетина прегледи и тој задоволно ја напушти клиниката, заблагодарувајќи му се на целиот персонал.
На Ал Сенуси му беа извршени дерматолошки, стоматолошки, офталмолошки, ендокринолошки, кардиоваскуларни, пулмолошки прегледи како и ултразвук на абдомен. Тој, по сите завршени испитувања, изјави дека се чувствувал како да престојува во хотел, а не во болница.
„Тука ја имате сета удобност што можете да ја замислите. Овде се чувствувате како да престојувате во хотел, во ресорт, во спа. Се надевам дека и во мојата земја Либија што е можно поскоро ќе имаме ваква институција“, рече Ал Сенуси, додавајќи дека во меѓувреме ќе ја препорачува Kлиника Жан Митрев на сите негови пријатели и сограѓани.
Клиника Жан Митрев со проширувањето на дејностите, воведувањето нови хируршки и терапевтски интервенции и нови стандарди во здравствената пракса во земјава, постојано привлекува пациенти од најразлични делови од светот да доаѓаат во клиниката за да ги извршуваат потребните интервенции и дијагностички прегледи.
Линк до видео изјаваhttps://www.youtube.com/watch?v=5SAWTfT36aQ&t=5s
Можеби ќе ве интересира
#BULLILOVEstories – Фасцинантната приказна за глобалниот феномен на Volkswagen Bulli пристигна во Македонија
НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки

Преку иновации и уникатно корисничко искуство, до нови стандарди во е-трговијата и визија за лидерство во регионот

Нови промотивни услови за потрошувачки и станбен кредит од Шпаркасе Банка

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: П.Ѓ. ОД БИТОЛА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 6.604.025 ДЕНАРИ

Play-Doh те кани на креативна авантура во Скопје Сити Мол!

Почина проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер

Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи

Штип добива нова, модернизирана услужна единица на ПроКредит Банка
