09 Август, 2022
0.0258

На македонскиот пазар се лансираше p2p.mk - онлајн платформата која ве поврзува со инвеститорите

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Презентирана пред македонската јавност првата P2P онлајн платформа која ќе го олесни пристапот до изворите за финансирање кој е еден од темелните проблеми со кои се среќаваат бројни субјекти  особено во банкоцентричните финансиски системи, каков што има и Македонија.

- Предизвик е да се работи на македонска P2P платформа, концепт кој е реално нов на нашиот пазар, а светот веќе го владее, но физичките лица и компаниите набрзо ќе ги увидат предностите и тоа ќе го добие потребното внимание на пазарот - истакна Теодор Тодоровски менаџер на p2p.mk, која штотуку го означи својот почеток со работа во нашата држава.

Тој појаснува дека  Р2Р позајмување (eng. peer-to-peer lending ) може да се дефинира како директно финансирање помеѓу поединци без никакво посредување на финансиски институции (банки, факторинг друштва и сл). Посредник е самата платформа или веб сајт која директно ги поврзува примателите на заем со инвеститорите.

- Познато е дека најголемото ограничување кај банкарските кредити е обезбедувањето (хипотеки, меници … ), претераната документација, како и долготрајниот процес во донесувањето на одлуките. Од друга страна, некои физички лица и компании едноставно не се доволно кредитоспособни и како такви немаат пристап до изворите на финансии кај традиционалните финансиски институции, па затоа бараат решенија кај алтернативните понудувачи на финансии. Р2Р платформите се достапни 24-7 и не ви е потребен личен контакт - истакна тој на официјалното лансирање на платформата пред бизнис заедницата и првите инвеститори, на настанот кој се одржа во Винаријата Камник.

Според него предностите на финансирање на физичките лица и компаниите со Р2Р платформата е тоа што е онлајн, нема трошоци за отворање и водење на сметки, нема голема администрација и документација, а тоа привлекува многу физички лица и компании кои имаат негативни искуства со банкарската бирократија и долготрајните процедури.

- Постапката за peer-to-peer финансирање започнува кога ќе се пријавите на одредена платформа и кога ќе го вложите износот кој сакате да го позајмите. Тогаш започнува процес со понуда на заем од страна на заемопримателот кој бара финансирање, најчесто на платформата веќе има понудени заеми од кредитни друштва и Вие треба само да одберете кој заем да го купите. Со оглед на фактот што целиот процес се одвива он-лајн, станува збор за дигитална трансформација на целокупното финансиско работење-Fintech. - додава Тодоровски.

Како што вели тој на Р2Р платформите можете да позајмувате на поединци, на помали компании, па и на на некои средни компании или уште појасно, сајтовите за Р2Р делуваат како пазар, финансиски пазар. Тие ги собираат луѓето и компаниите кои сакаат да позајмат пари со оние кои бараат заем.

- Овој деловен модел е составен од три страни и тоа заемопримачи, платформа и инвеститори. Во последно време како заемопримачи се вклучуваат и разни кредитни институции кои ги отстапуваат своите побарување по кредити пласирани кон трети лица, а од другата страна привлечени од високите приноси кои стигнуваат и до 14% и од релативната безбедност  на инвестицијата и стабилност на приносот на страната на инвеститорите се јавуваат и институционални инвеститори како инвестициски фондови, банки, пензиски фондови и разни хеч фондови кои инвестираат во тие побарувања - додава Тодоровски.

Директното или взаемното Р2Р финансирање се развива од појавата на првите такви интернет платформи, британската „Zopа“ и американскиот „Prosper Maketplace“ кои започнаа во 2005, односно 2006. Меѓутоа, акцелератор на развојот беше глобалната финансиска криза 2008-2009. Во тоа време банкарското кредитирање беше скоро парализирано со оглед на тоа што кредитните ризици станаа големи и тешко беше да се предвидат. Истовремено, централните банки во Европа, САД и Јапонија започнаа да спроведуваат политика нулта па дури и да воведуваат негативните каматни стапки, како би го стимулирале кредитирањето. Според монетарната теорија, таквата политика требаше да ги извлече стопанствата од кризата. Меѓутоа, се покажа дека тоа не е толку корисно, парите или останаа на сметките на комерцијалните банки или се слеваа на берза-готово без никаков влез во реалната економија.

Во 2016 година имаше 2.500 Р2Р платформи. И овој пазар во оваа сфера е најголем во светот. Во 2020 година онлајн Р2Р платформите во Кина остварија обрт од 251,9 милијарди американски долари. Во Европа, најголемиот пазарен удел во овој бизнис модел има Велика Британија, со неверојатни 72,5% од пазарот, следна е Германија, а во последно време и балтичките земји како Естонија и Латвија забрзано се приклучуваат во овој бизнис.

На почеток инвеститорите финансираа само физички лица, но после кризата тој модел е пренесен и применет за финансирање и на мали и средни комапнии. После 2010 година Р2Р финансирањето почна да цвета во Кина. Прилично брзиот развој таму со годишен раст на пазарот од 150-200% од 2013-2017 се случи заради слабиот пристап на кредити до жителите. Кинеските банки главно се фокусираа врз државните компании. Па така за Кинезите моделот Р2Р изгледаше уште попривлечен, отколку за Европејците и Американците.

P2P платформите веќе се јавуваат како заемопримачи кредитни друштва кои даваат поголема безбедност кај инвеститорите. Најчесто овие друштва нудат „ Buyback guarantee“ со тоа тие всушност нудат откупување на кредитите од инвеститорите доколку сопственикот на кредитот не им платил рата од 60 до 90 денови. Оваа гаранција ги прави платформите доста сигурни и стабилни модели за инвестирање и затоа секаде во светот како инвеститори почнуваат да се јавуваат инвестициски фондови, банки, пензиски фондови и разни хеч фондови.

Предизвик беше да се работи на овој концепт кој е реално нов на нашиот пазар, а светот веќе го владее, но физичките лица и компаниите набрзо ќе ги увидат предностите и тоа ќе го добие потребното внимание на пазарот. Плус, општата ситуација во која сме и ние и светот, за која погоре зборував е уште една отскочна штица за секторот, така што Р2Р заемите, реално сакаат кризи. Тоа значи времето за ваков проект е сега.

На настанот беше официјализирана и првата соработка на оваа иновативна Финтек платформа со Финансиското друштво СН финансии, а наскоро се најавени и нови соработки со институции од финансискиот сектор, но и поединци и компании.

ПР објава

ГАЛЕРИЈА



Можеби ќе ве интересира

Се расчисти теренот за нова зграда каде што изгореа бараките на ЈП Улици и патишта

Се расчисти теренот за нова зграда каде што изгореа бараките на ЈП Улици и патишта

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Даночни реформи ќе треба да обезбедат 54 милиони евра, Бесими даде детали

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Даночни реформи ќе треба да обезбедат 54 милиони евра, Бесими даде детали

Има 1.233 позитивни, 284 реинфекции и 10 починати

Има 1.233 позитивни, 284 реинфекции и 10 починати

Петличковски кажа во кој случај би имало нови ковид рестриктивни мерки

Петличковски кажа во кој случај би имало нови ковид рестриктивни мерки

MAКЕДОНИЈА СЕ СЕЌАВА НА ЖРТВИТЕ ОД КАРПАЛАК: Двајца роднини загинаа во ист ден

MAКЕДОНИЈА СЕ СЕЌАВА НА ЖРТВИТЕ ОД КАРПАЛАК: Двајца роднини загинаа во ист ден

МАЈКАТА БАРА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПРЕЗЕМАТ МЕРКИ: Педофил од Тетово барал разголени фотографии од 12-годишно девојче

МАЈКАТА БАРА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПРЕЗЕМАТ МЕРКИ: Педофил од Тетово барал разголени фотографии од 12-годишно девојче

Државјани на Македонија помагале косовци преку Драч да заминуваат за Италија

Државјани на Македонија помагале косовци преку Драч да заминуваат за Италија

На 93 години почина архитектот Петар Муличкоски, авторот на оригиналната зграда на Владата

На 93 години почина архитектот Петар Муличкоски, авторот на оригиналната зграда на Владата

(ВИДЕО) Се појави снимка на која се гледа како Ламбе го пали бугарскиот клуб во Битола

(ВИДЕО) Се појави снимка на која се гледа како Ламбе го пали бугарскиот клуб во Битола