На изборите во Австрија победи Себастијан Курц
Објавено во: Свет 29 Септември, 2019
Народната партија на Себастијан Курц со огромна предност победи на предвремените парламентарни избори. Анкетите покажуваат дека од досега преброените гласови, неговата партија води со 37,2 отсто, што е за 5,7 отсто повеќе од изборите во 2017 година.
„Освоивме огромна доверба, што претставува и огромна одговорност, која ја прифаќаме со голема почит. Ветувам дека ќе сториме се за да ја оправдаме довербата и дека ќе работиме најдобро што можеме за доброто на Австрија“ - вели Себастијан Курц – претседател на ОВП.
Крајната десница, Либералната партија на Австрија, која беше коалициски партнер во Владата на Курц, на овие избори претрпе жесток удар и доби поддршка од само 16 отсто од гласачите. Популарноста опадна по обелоденување на аферата Ибица во мај, кога дојде и до распад на коалицијата и до распишување на предвремени парламентарни избори.