На грчко тло е регистриран силен земјотрес
Објавено во: Балкан 24 Мај, 2020
Потрес со јачина од 4,9 степени е регистриран синоќа јужно од грчкиот остров Крит.
Епицентарот бил во морето, на 108 километри од Арви, на длабочина од 10 километри, информираше Геодинамичкиот институт во Атина.
Земјотресот се случил околу два часoт наутро, а му претходел земјотрес од 3,6 степени во истата зона, неколку часа порано, јави агенцијата АНА.
За неколку дена, близу Крит се регистрирани неколку земјотреси, кои се последица на смирувањето на земјата по силниот земјотрес од шест степени, што го погоди островот на почетокот на мај.
Силни земјотреси денеска имаше во Иран и Мексико.