19 Април, 2024
0.0270

На фејсбук се шири петиција „Стоп за понижувањата со Евровизија“, Гарванлиев се извини и кажа дека немал намера да повреди никого

Објавено во: Стил 15 Март, 2021

Добивај вести на Viber

На фејсбук се шири петиција, чии наслов е Стоп за понижувањата со Евровизија 2021 година. Со петицијата се бара Македонската Радио Телевизија веднаш да го повлече настапот на Евровизија 2021.

Оттаму излегуваат со неколку тврдења и барања, кои се однесуваат на годинашниот евросонг, околу кој се повеќе излегуваат контроверзи. 

Еве што се вели во петицијата. Имено, тие тврдат дека претставникот на овогодинешниот Евросонг Васил Гарванлиев воопшто не ја претставува Македонија. Додаваат и дека Васил Гавранлиев во интервју за Евровизија „случајно“ нагласува дека има бугарско државјанство и дека го добил поради тоа што Струмица е блиску до Бугарија.

Од петицијата даваат и политички квалификации.

„Настапот на Васил Гавранлиев изгледа како да е инсцениран во склад со политиките на Зоран Заев, Бучковски и Љубчо со кои се сака да се прифати дека македонскиот народ е создаден по 1944-та година. Во неговиот спот ‚случајно' некој ги заменил боите од триптихот на Жанета Вангели за да наликуваат на бугарското знаме“, се вели во петицијата.  

Оттаму нагласуваат дека бараат ОЈО да утврди одговорност за ноторна повреда на авторските права на Ж. Вангели, како и да се утврди одговорноста на продуцентот за повреда и на угледот на државата со про-бугарски обележја. Потоа, бараат надомест на материјална и морална штета и суспеннзија на одговорните лица од работно место. Исто така, со петицијата се бара „од страна на МРТ веднаш да се откаже настапот и да престанат понижувањата на македонскиот народ, како и замрзнување на учество на македонски претставник до расчистување на овие скандали и утврдување објективни мерила и критериуми за избор на песна и учесник“, се вели во петицијата. 

Досега петицијата има над 160 потписи.

Инаку, како што е познато, македонскиот претставник на песната на „Евровизија“, Васил Гарванлиев, е бугарски државјанин. Во ТВ-интервју, запрашан за неговото македонско државјанство, Гарванлиев гордо рече дека тој е и државјанин на Бугарија. Гарванлиев, кој е од Струмица, објаснува дека освен што е македонски државјанин, има и бугарски пасош, кој го добил затоа што неговата баба била Бугарка и имала далечни роднини во Бугарија. Гарванлиев вели дека е роден во Струмица, од „другата страна на границата“.

Од ОГАЕ Македонија, официјалниот фан клуб на Евровизија, член на ОГАЕ интернационал, порачаа дека тој не прекршил ниту едно правило на ЕБУ, па според тоа немаат интерес да го критикуваат.

А денеска на фејсбук се оглсаси и самиот Гарванлиев. 

Тој сподели видео, како и текст, во кој вели дека со спотот немал намера да повреди никого, како и дека тој е уметник, а во уметноста нема политика, религија, боја, раса... 

Гарванлиев вели дека во 1997 година неговото семејство се преселило во Чикаго, каде што живееле неколку години, но потоа ги депортирале, а тој бил малолетен. 

„Фамилијата одлучи да направи неколку чекорио за безбедност и за иднина на сите нас. Мојата баба, мајка на татко ми, е родена во село Игралишта, надвор од Петрич, што ни овозможи да добиеме бугарски пасоши, кој го имам веќе дваесетина години. Законски во нашата држава двојно државјанство е дозволено“, вели меѓу другото Гарванлев. 

„Сакам да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на Европа и светот за неверојатниот одговор, реакциите, пораките, љубовта и поддршката.

За жал изминатиот викенд работите тргнаа во поинаков правец во мојата убава Македонија и моравме повторно да го отстраниме и поставиме видеото. (Поради погрешно толкување на триптично уметничко дело на ѕидот)

Јас сум музички амбасадор, а во музиката нема религија, политика, ориентација, раса или боја. Немав апсолутно никаква намера да повредам некого. Сосема спротивното!

Многу сум горд на овој проект кој не само што ме отелотворува, туку и мојата земја и култура - музичари и истакнати уметници во галеријата.

Не се извинувам што сум јас. Никогаш нема - немав избор во тоа. Сепак, ако некого повредам на БИЛО КОЈ НАЧИН, од дното на моето срце... Жал ми е. Простете ми.

Како што велам во мојата песна: ′′ Сите тие се обидоа да нè скршат, не знаејќи дека тоа е она што нè прави. Вака го најдовме патот. Тука стојам Нема преправање. Моите ѕидови се спуштени во твојата рака. Ве сакам сите. Ви благодарам“, пишува Гарванлиев.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре