18 Април, 2024
0.0439

На домашен терен

Објавено во: Анализа 04 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Вреднување
Пазарна капитализација (мил ЕУР)

322,00

Коефициент цена/добивка

9,83

Коефициент цена/книговодствена вредност

0,61

  Горната табела содржи фундаментални податоци за вредноста на компаниите во носечкиот индекс на нашата берза MBI 10. Доколку сите компании решат да се продадат по моменталнава цена и доколку сака, синџирот за брза храна Мекдоналдс би ги купил за еден месец. И тоа со профитот кој го остварува. Што би рекло еден месец може да продава сендивичи по целиот свет и потоа да си купи 10 фирми во Македонија од разни сектори. Сепак и да сака веројатно нема да му ги продадат по оваа цена (барем повеќето) затоа што компаниите фундаментално гледано се потценети. Во минатиот текст видовме дека американските акции имаат коефицент  цена/добивка од 16, македонските како што може да забележиме имаат коефициент 10 и притоа се тргуваат цели 40% пониско од нивната книговодствената вредност. Воедно некои компании од индексот имаат одличен дивиденден принос кој ја надминува и стапката на штедење во денари на годишна основа. Доколку нашите компании ја делат целата добивка на акционерите и притоа профитот им е ист секоја година, ќе бидат потребни 10 години инвеститорите да си ја вратат комплетната инвестиција и притоа да ја задржат сопственоста. Во САД за истава работа ќе требаат 16 години. Очигледно имаме поефтини акции од американските. Но, имаме еден проблем, во моментов се чини дека нашите акции никој не ги сака. Зошто ? Одговорот можеби треба да го најдеме во минатото кога истиве овие акции чинеа два, три или осум пати повеќе. Тогаш акциите имаа неверојатно високи фундаментални параметри и ниски дивиденди кои купувачите воопшто не ги забележуваа. Тоа беа времиња кога се купуваа акции, како што денес купуваат жените во Зара кога има 50% попуст (те како што секогаш купувале жените кога има попуст, било каде). Очигледно историјата за некои работи се повторува и дека луѓето многу тешко учат од туѓите грешки. Скоро никој од инвеститорите не успеа да го види балонот кој тогаш се дуеше до апсурдни нивоа, како што на многу места низ светот се случувало. Постојат фактори кои не тераат постојано да носиме ирационални одлуки кои на крајот на краиштата може многу скапо да не чинат. Кејнз ги нарекува Animal Spirits или животински духови или инстинкти, како сакате. Се чини дека на берзите постојано се формираат кругови на преголема и премала доверба во акциите. Таквите кругови формираат балони кои во даден момент пукаат и потоа се формираат нови и таканатаму без крај. Во таква ситуација се јавуваат навидум апсурдни појави кои никој не ги забележува и луѓето како стадо одат во неизбежен амбис. Обратно, во време кога треба да се инвестира сите се уплашени и чекаат некои подобри времиња или пак воопшто не инвестираат. Притоа пропуштаат да остварат сериозни приноси на нивните портфолија. На пример во време на најголемата светска криза на крајот на 2009 година доколку некој од вас си купел акција на македонски телеком денеска ќе остварел принос од дивиденда и капитална добивка од преку 40%. Ќе се согласите не е лошо, како за најголема криза во светот. Значи да завршиме со заклучок: Дали имаме фундаментално ефтини акции во моментов ? Да Дали може да имаме фундаментално поефтини акции за некој месец ? Да, бидејќи никој не може да биде пророк и точно да каже каде е дното Дали ова е време кога треба да се купуваат акции ? Ова е време кога треба да се биде претпазлив, но и време на добри прилики за инвестирање, но клучот е да се определи вистинскиот тренд и да се донесе вистинската одлука кога трендот ќе се формира. Димитриоски Милан  

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза