29 Март, 2024
0.0246

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПОЧИНА ТИТО: По што го паметиме доживотниот претседател на СФРЈ

Објавено во: Стил 04 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Јосип Броз - Тито  — југословенски комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. 

На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил премиер на Југославија, а подоцна и претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант .

Титовото владеење се потпирало на постојано јакнење на култот кон неговата личност, почнувајќи од времето на Втората светска војна, па сè до смртта во 1980 година. Изградбата и промоцијата на култот кон Титовата личност во периодот на неговото владеење одела во две насоки:

  1. Безмилосно справување со политичките и идеолошките противници, и
  2. Континуирана промоција на успесите и визионерството преку образованието и медиумската пропаганда.

Според "Информацијата за преземените мерки на органите на власта спрема државјани на Р. Македонија за кои во периодот 1945-1993 година се располагало со основани сомненија дека дејствувале за формирање самостојна и обединета Македонија", изработена од МВР во 1993 година, во периодот 1945-1985 година вкупно во Македонија биле откриени 105 илегални групи и организации со над 1.200 припадници, чие дејствување било насочено кон отцепување на Македонија од заедницата на југословенските народи и создавање самостојна и обединета Македонија. Од нив од слобода биле лишени 1.045 припадници на илегалните групи и организации, од кои 242 биле осудени на смрт или на временска казна до 15 години. Во периодот од 1945 до 1980 година се одржале околу 700 политички процеси против членовите и припадниците на тајните организации и групи, на кои биле изречени стотици смртни пресуди и долгогодишни затворски казни. За бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14.000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при МВР и 22.000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот Идризово, или вкупно 36.000 досиеја. Тоа се политички досиеја на лица (од разни возрасти и професии - револуционери, интелектуалци, лекари, студенти, обични и полуписмени селани, лица во поодмината возраст и ученици-гимназисти, деца на 16 години), затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот 1945-1985 година од новата македонска комунистичка власт само затоа што се бореле за независна Република Македонија и за идеалите на ВМРО. Според неофицијални податоци, во периодот 1949-1951 биле затворени 7.330 средношколци, а само во затворот 'Идризово' биле затворени 2.500 политички затвореници.

Сузбивање на религијата

Како дел од борбата против идеолошките противници, Тито бил против религиозните институции и ги охрабрувал граѓаните да се свртат против црквите и џамиите. Раководните тела на религиозните организации биле под постојан притисок од разузнавачките служби, а непосредно по војната, партизаните ги оштетувале и ограбувале црковните објекти. Сепак, и покрај таквата негова политика, во Македонија била возобновена Охридската архиепископија во името на Македонската православна црква.

Доживотен претседател

Со Уставот на СФРЈ од 1974, Тито бил прогласен за доживотен претседател на земјата, што исто така значајно ги блокирало демократските процеси во државата.

Екстремната емиграција

Режимот на Тито бил познат и по безмилосното справување со тнр. "екстремна југословенска емиграција", односно луѓе кои емигрирале од Југославија, и активно политички се организирале или агитирале против југословенскиот систем. Постоеле голем број организации и здруженија во светот кои имале политички платформи против југословенскиот режим на чело со Тито. И таа емиграција била под постојан надзор и притисок од југословенскиот режим, а највидните претставници на политичката емиграција биле убивани и во странство од Југословенските тајни служби. Во Македонија, најпознат е примерот на репресијата врз Драган Богдановски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.


Извор/Фото: Википедија