НА 1 ЈУНИ: Србија ги отвора границите со Македонија
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 12 Мај, 2020
Соседна Србија на 1 јуни ќе ги отвори границите со нашата земја, но и со уште 3 држави од окружувањетo.
Како што пренесува српски Блиц, во потполност ќе се отворат границите со Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора.
Ваквата одлука е донесена, затоа што ниту една од овие земји не беше жариште на коронавирусот.
Одлуката е донесена најмногу поради студентите од Република Српска и Црна Гора, кои циркулираат меѓу тие 3 земји.
Граничниот премин Евзони кон Грција би можел да се отвори кон крајот на мај.