19 Април, 2024
0.0273

МЗШВ работи на интервентна мерка за јаболкото

Објавено во: Агробизнис 03 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство континуирано ја следи состојбата на пазарот, воведува нови и интервентни мерки, со цел да овозможи подобри услови за работа за сите учесници во агро-секторот, вклучително и овоштарството.

Поради временските непогоди оваа година забележана е поголема количина на индустриско јаболко, кое не може целосно да биде преработено во преработувачките капацитети. За регулирање на оваа состојба и постигнување рамнотежа на пазарот, МЗШВ подготви интервентна мерка која ќе биде дискутирана на следната владина седница и финализирана до крајот на оваа недела.

Преку Програмата за рурален развој МЗШВ предвидува поддршка и за преработувачките капацитети, со цел да овозможи поголем простор за откуп на призводите и извоз од државата.

Во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година за 10 отсто се зголемени субвенциите за одржување на овошни насади. Овие субвенции годинава се зголемени за 20 отсто за земјоделците со развоен потенцијал.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари