24 Април, 2024
0.0260

МЗ: Новиот ковид центар „Мала Богородица“ ќе почне да хоспитализира пациенти кога приватните болници ќе потпишат договор со ЦУК

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

До почетокот на оваа недела требаше да бидат завршени сите правни работи за да може поранешната болница „Мала Богородица“ да почне да ги прима првите пациенти болни од ковид кои се со средна тешка клиничка слика, а на кои им е неопходно болничко лекување. Денеска Фактор ексклузивно објави фотогравии од новиот ковид центар, а истовремено од „Аџибадем Систина“ соопштија дека се финализираат работите, но бидејќи се уште немаат потпишано договор со надлежните, не може да се почне со работа.

Фактор достави прашања до Министерството за здравство, пред сè зошто досега не е потпишан договорот меѓу ФЗОМ и трите приватни болници за непречено отпочнување на работата на ковид центарот во „Мала Богородица“, на што ни беше одговорено:

-Договор со приватните болници потпишува Центарот за управување со кризи, согласно Законот за кризна состојба. По склучувањето на договорите со ЦУК за користење на ресурсите на приватните болници со што ќе бидат вклучени во системот на лекување на ковид пациенти во кризна состојба, ќе следува склучување на договори со Фондот за лекување пациенти. Прв чекор е склучување на договор со ЦУК, а потоа следува склучување на договори со Фондот. Министерството за здравство само ќе ги користи ресурсите од приватните болници, согласно законската рамка по прогласување на кризна состојба, кога приватните болници се согласија во целост да ја опремат стара Систина со потребната медицинска и немедицинска опрема, како и лекарски тимови и медицински персонал кои ќе работат со ковид пациенти, велат од Министерството за здравство за Фактор.

Во однос на тоа дали Министерството за здравство утврди кои двајца доктори ќе бидат назначени да управуваат со овој ковид центар, оттаму посочија дека коодинаторот лекар на ковид центарот во поранешна Систина ќе се утврдува дополнително.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат