24 Април, 2024
0.0551

МВР, УЈП и Државно правобранителство ќе превземат најмногу вработени од министерството на Груби

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи и Државното правобранителство ќе превземат најмногу од 1.349-те „рамковно“ вработени од Министерството за политички систем и односи на заедниците.

МВР превзема 143, кај УЈП одат 92, а во правобранителството се селат 74, набројуваше првиот вицепремиер Артан Груби, претставувајќи го планот за распределба на административните службеници кој веќе е усвоен од Владата.

Во Управата за водење на матични книги ќе одат 41, а 35 во Државен пазарен инспекторат. Во Министерство за надворешни работи ќе одат 26, во Клиничка болница Тетово 25. Агенцијата за заштита на лични податоци добива 30, додека Агенцијата за катастар 29. 

„Упатните решенија веќе ги потпишав и процедурата може да започне. Доколку некој не дојде за седум дена да го земе решението, ќе биде ставен на трансфер-листата во Министерството за информатичко општество и администрација, рече Груби.

Министерот за политички систем рече дека најголем број од вработените, познати уште по тоа што со години добиваа плата а не одеа на работа и ако од буџетот за нив годишно се трошеше по девет милиони евра, се правници и економисти, но и дека има и такви со средно образование.

Нивните нови работни места ќе бидат во 237 институции, а Груби напомена дека управителите се должни да им овозможат стручна обука. Тој напомена дека покрај Албанци, на листата имало и Македонци и вработени од другите националности.

Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата