МВР со детали за експлозијата - еве што се случило
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2020
МВР излезе со детали за експлозијата.
„На 23.02.2020, околу 10.00 часот во с.Романовце, кумановско, во куќа сопственост на Ш.А. при експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три малолетни лица на возраст од 8, 9 и 11 години починале на местото на настанот, а шест лица се пренесени во Општа болница Куманово каде им се констатирани тешки телсени повреди но поради сериозноста на повредите истите се префрлени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Куманово. Известен е јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово е упатена на местотот на настанот со цел утврдување на причините кои довеле до несреќата“, соопшти Полицијата.