23 Април, 2024
0.0292

МВР официјално за тепачката пред Градска болница: Го прегазил детето во Шуто Оризари, а повикал полиција по нападот од таткото

Објавено во: Македонија 10 Август, 2020

Добивај вести на Viber

МВР во денешниот полициски билтен објави дека пред тепачката кај Градската општа болница во Скопје, момчето поради кое избил инцидентот било прегазено во Шуто Оризари, а возачот кој го удрил пријавил во полиција откако бил нападнат од таткото додека биле во здравствената установа.

„На 09.08.2020 во 21.00 часот Б.К.(27) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на ул.„11 Октомври“, пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, бил физички нападнат од Џ.Б.(24) од Скопје. Според пријавеното, на нападот му претходела расправија поради претходно случена сообраќајна незгода во Шуто Оризари, во која бил повреден малолетник. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ“, гласи во билтенот на МВР.

Синоќа беа приведени неколку лица по тепачката меѓу две семејства пред болницата за хируршки болести  Св.Наум Охридски во центарот на Скопје, меѓу кои и таткото на прегазеното дете.

Таткото на детето почнал да го тепа човекот што го прегазил, кој исто така бил повреден при сообраќајката. Настанала општа тепачка, откако пријатели на оној што го прегазил детето дошле да се пресметаат со неговиот татко кој физички го нападнал. Тепачката се префрлила и во Градска болница. Затоа морале да интервенираат и медицински екипи.

Детето не е во животно загрозувачка состојба и е надвор од животна опаснст.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП