МВР известена за Спасов: Полицијата почнува да трага по убиецот на Мартин Нешковски
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2019
Министерство за внатрешни работи го добило дописот од Судот и почнува потрага по Игор Спасов, осудениот за убиството на Мартин Нешковски. Од МВР за Фактор потврдија дека попладнево го добиле известувањето и веднаш почнуваат со потрагата. Спасов требало да се пријави на издржување на затворската казна минатиот петок, но тој до денеска не се појавил во затворот во Идризово.
Фактор во јули годинава објави дека осудениот за убиството на Нешковски, Игор Спасов не е в затвор веќе една година затоа што се лекува. Информацијата тогаш ја потврдија од Управата за извршување на санкции од каде информираа дека Судот му го продолжувал прекинот на одлежувањето на затворската казна во неколку наврати.
Сега истиот Суд побара МВР да го најде Спасов.
Спасов е осуден на 14 години затвор за убиство на Мартин Нешкоски за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во 2011 година.
Во мај годинава во дел од медиумите се појави информација дека е забележан во кафуле во Скопје.