29 Март, 2024
0.0260

МВР го знае администраторот на порнографската група ама не го кажува

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Полицијата го откри администраторот и ги има телефонските броеви на членовите на затворената група „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ на која се објавувани фотографии со експлицитна содржина, објави МИА повикувајќи се на извори од истрагата.

Станува збор за околу 7.400 телефонски броеви, меѓутоа повеќе детали не се откриваат од досегашната истрага што ја води Бирото за јавна безбедност.

А во меѓувреме, името на групата на апликацијата „Телеграм“ каде што се споделуваат порнографски видеа и фотографии од девојки од Македонија, од кои дел се малолетни, е променето од „Јавна соба“ во „Само за возрасни“, бројот на членови се намали, но фотографии и понатаму продолжуваат да се споделуваат, јавува порталот А1. 

Откако случајот се откри во јавноста, Бирото за јавна безбедност покрена истрага, во која се очекува да се откријат администраторите и членовите на затворената група „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, каде се објавувани интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од повеќе македонски градови.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски вели дека оваа група е новоформирана и за кратко успеала да дојде до голем број на членови.

„Од Бирото за јавна безбедност покрената е истрага. Излезено е Јавното обвинителство за наоѓање на администраторите и членовите на оваа група“, рече Спасовски. 

До сега нема ниедна пријава од родители на девојчињата за злоупотреба, вели дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкриељ.

„Се координираме со МВР и со МОН. Упатувам апел до сите родители  чии девојчиња се изложени,  да се обратат до Центрите за социјална работа, кои во соработка со МВР ќе постапуваат. Со МОН веќе договоривме стручните служби во училиштата да преземат мерки“, рече Шкриељ.

Можеби ќе ве интересира

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара