Мухамед Зекири по пресудата за „Титаник3“: Не плачи ДУИ
Објавено во: Македонија 31 Март, 2020
Мухамед Зекири, потпретседателот на СДСМ, познат и по тоа што постојано го провоцира владиниот коалиционен партнер ДУИ веднаш се јави со реакција по пресудата на Ејуп Аљими и Исмет Гури во случајот „Титаник 3“
- Не плачи ДУИ, напиша Зекири ба Фејсбук веднаш по објавената првостепена пресуда за случајот кој го отвори поранешното СЈО.
По три години и шест месеци затворска казна добија Аљими и Гури во првите пресуди воопшто против функционери на ДУИ.