19 Април, 2024
0.0269

МУАРЕМИ ЗА ЕУРОСТАНДАРД - испитуваме злоупотреба на службена положба, перење пари, фалсификати, измами, блиску сме до утврдување кривична одговорност

Објавено во: Финансии 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција, вели дека во случајот со Еуростандард банка станува збор за големи суми пари за кои се води предистражна постапка, и тоа и за злоупотреба на службената полжба, перење пари, фалсификати, измами, но и за начинот како е дојдено до несолвентност на банката.

Вели дека управата е на добар пат да докаже кривична одговорност, но уште е рано да се каже дали во овој случај се работело за организиран криминал.

Ова Муареми го изјави во своето гостување во емисијата на ТВ 24 во која ќе има соочување за случајот Еуростандард банка.

„Моментално предметот е во предистражна постапка, значи не е истрага. Ние постапуваме по сопствена иницијатива, но има и две наредби – од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, и од ОЈО, и ние постапуваме по сите три  наредби. Во оваа фаза се извршени проверки на над 15 коминтенти на банката, а паралелно се прават проверки и во самата Еуростандард. Треба да се има разбирање и за околностите, ние сме во екот на една пандемија и отежната е предистражната постапка, некогаш не можеме да ги добиеме навреме документите од коминтентите бидејќи се заразени или се во самоизолација. Исто така, и од наша страна има инспектори кои се во самоизолација. Така што, оваа истрага ќе трае“, рече Муареми.

На прашањето што истражува, тој рече дека по основ на наредбите од ОЈО за организиран криминал, тука се истражува злоупотреба на службената положба и овластување од страна на одговорните лица во банката, како и перење пари. Додека, пак, за нередбата од ОЈО, истражуваме за начинот како е дојдено до несолвентност на Еурстандард банка.

Дали во последните години одговорни лица на банката навлегле во еден тип на организиран криминал, Муареми нагласи дека е многу рано да се каже дали имаме организиран криминал или не.

„Но, по тој пат одиме како институција. Добро е што од страна на обвинителството се многу заинтересирани да се заврши и реши овој случај, и на добар пат сме да докажеме одредени елементи на кривична одговорност. Но, многу е рано да кажеме кој и каква одговорност би имал во целата оваа истрага. Но, првите сомненија се за злоупотреба на службената положба и овластувања, перење пари, фалсификати, измами и така натаму“, рече Муареми.

Прашан дали има истраги кои се насочени кон државни функционери, директорот на финансиката полиција рече дека во приватна банка, не знае како би можеле да влијаат државни функционери.

„Сега засега, моментално, бидејќи сме во пердистрага, такви информации и податоци за учество на државни функционери, нема“, нагласи Муареми.

Тој рече дека од негова страна е оформена и посебна комисија, во самата Управа, која го следи предметот, покрај пет тима кои работат на терен.

„Но, треба да се има предвид дека има и над 100 компании кои добиле кредити од Еуростандард банка, и треба да се поминат речиси сите 100 компании кои добиле сомнителни кедити. И навистина ќе треба време за да се прочешлаат сите 100 компании. А освен во самата банка, треба да се анализираат и извештаите во самата Народна банка, навистина имаме многу работа. Меѓутоа, несомнено е дека ќе се расчисти целата дилема од наша страна. Но, дали понатаму ќе има истрага или ќе нема, ќе одлучи обвинителството“, потенцира Муареми.

Во јавноста се зборува за криминал тежок 60 милиони евра. Според Муареми, на оваа забелешка вели дека точно не може да каже износ, бидејќи предметот е во предистражна постапка, но дека се големи цифрите, да, тие се големи, нагласи директорот на Финансиската полиција.  

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин