Му се потсмеваат, но Рама вети дека Албанија ќе испраќа сателити во орбитата
Објавено во: Балкан 15 Октомври, 2021
Албанија ќе испраќа сателити во орбитата.
Премиерот Еди Рама на вчерашната пленарна седница на Парламентот најави дека во текот на идната година владата ќе испрати два сателита „Албанија1“ и „Албанија2“ во орбитата. Неговата изјава наиде на потсмев на опозицијата.
„Ќе купиме дронови. Ќе испратиме и сателити во орбитата. Смејте се, смејте се. Кога ќе ги видите сателитите „Албанија” во орбитата и тоа не во следниот мандат, туку идната година. Тоа ќе бидат Албанија 1 и Албанија 2“, рекол Рама не наведувајќи повеќе детали, пренесува АБЦ њуз.
Албанија се очекува да биде прва земја од регионот која ќе испрати сателити во орбитата.
Меѓу 10-те држави кои доминираат во сателитската индустрија се САД, Кина, Русија, Велика Британија, Јапонија, Индија.