24 Април, 2024
0.0453

МРТ, тетовската „Арбериа“ и турската СЕРКА ТААХХУТ најмногу лапнале државни пари

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Кој најмногу се омрсил и по кој основ од државни пари, веќе нема да биде тајна. На интернет страницата Отворени финансии од денеска секој може да провери колку, на кого и кога државата префрлила пари. Оваа страницата, која ја промовираа премиерот Зоран Заев, министерката за финансии Нина Ангеловска, и министерот за транспарентност Роберт Поповски, ќе служи како веб-алатка за следење на трошоците од државниот буџет. 

На неа ќе може да се најдат плаќањата што ги направиле министерствата, самата влада, фондовите, државните агенции и комисии, судовите, обвинителствата и други вкупно 1.105 државни институции на централно ниво.

Во октомври на пример, топ пет приматели на државни пари биле Јавното претпријатие Македонска радиотелевизија, потоа приватната компанија Арбериа Десигн ДООЕЛ, турската компанија СЕРКА ТААХХУТ, домашниот нафтен гигант Макпетрол, како и приватната здравствена установа Систина Нефроплус Кавадарци.

ЈП Македонска радиотелевизија е прва на листата. Таа се омрсила со 2,42 милиони евра за еден месец, односно во октомври, говорат податоците од Отворени финансии. А, сите овие пари во неколку последователни исплати и биле префрлени од Министерството за информатичко општество и администрација. Согласно новиот Закон за медиуми, одреден процент од буџетот во текот на секоја година треба да се префрла на јавниот радиодифузен сервис, а исплатите одат преку ресорното министерство.

Втората позиција е за Арбериа Десигн ДООЕЛ, која во октомври примила 1,43 милиони евра. Најмногу од овие средства се исплатени од Министерството за образование и наука. Пред нешто повеќе од една година ова министерство, и тоа во постапка со преговарање и без претходно објавување на оглас, склучи договор со друштвото за продукција, маркетинг, дизајн, промет и услуги Арбериа Десигн ДОООЕЛ од Тетово, за набавка на учебници за основно образование, како и дополнителен дидактички и работен материјал за адаптираните учебници од странство за учебната 2018/2019 година. Таа зделка беше на износ од 2,4 милиони евра, што значи дека во октомври компанијата наплатила повеќе од половината од оваа сума. Покрај МОН, на тетовската компанија исплати и вршело и Бирото за развој на образование, како и Државниот универзитет од Тетово.

На трето место е турската компанија СЕРКА ТААХХУТ ИНШ.АН.ШИР, со својата подружница во Гевгелија, која „лапнала“ 1,3 милиони евра државни пари. Таа сите средства ги добила од Платежната агенција. Инаку, станува збор за турска компанија која гради брана во гевгелиско, село Конско. 

На четврто место е нашиот најголем нафтен дистрибутер Макпетрол, кој во октомври има исплати од 1,296 милиони евра. Најголем дел од парите се исплатени од Платежната агенција, и тоа за зелената нафта, која земјоделците ја добиваат од оваа нафтена компанија. Дел од средествата, пак, се префрлени од Дирекцијата за задолжителни нафтени резерви. Како што е познато, Владата и нафтените компании се спогодија државата да им плаќа за чувањето на нафтените резерви, и овие исплати се за таа намена.

И на петто место е ПЗУ Систина Нефроплус Кавадарци, Центар за дијализа, која за оваа услуга во октомври добила повеќе исплати од Фондот за здравство, и тоа од главната сметка, на вкупна сума од 1,165 милиони евра. 

Инаку, во моментов може да се пребарува низ 12,6 милиони трансакции од трезорска сметка кон разни фирми, институции и кон приватни лица кои се направени во периодот од 2010 до денеска.

Отворени финансии ќе се дополнува со нови податоци два пати месечно.

( Н.Н.Ф.)



Можеби ќе ве интересира

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип