24 Април, 2024
0.0266

Mozzart со донација во Специјалниот завод Демир Капија

Објавено во: Мои пари 13 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Секоја помош за нас е од огромно значење и секогаш добредојдена, особено кога се работи за ваква донација од предмети кои се неопходни за функционирањето на домовите во подобри услови.“ – изјави директорката на Специјалниот завод Демир Капија, Александра Велковска. 

Компанија Mozzart реализираше голема донација во Специјалниот завод Демир Капија и со тоа ги продолжи општествено одговорните активности кои континуирано ги реализира онаму каде што е најпотребно.  

Донацијата во материјални добра беше испорачана на адреса на Специјалниот завод, која потоа ќе биде подеднакво распределена во четирите станбени единици дисперзирани во Скопје, Неготино и Тимјаник, а во чии домови се сместени малолетни штитеници на домот со пречки во развојот.

Донацијата е составена од техника и потрошни добра за секоја од станбените единици за кои истакнаа дека имаат најмногу потреба, меѓу кои се вклучени: лаптоп компјутери, печатачи, правосмукалки, блендери, пасатори, музички системи, голема количина на средства за лична хигиена, заштитни маски, хигиенски ракавици, средства за дезинфекција, како и разни едукативни материјали, сетови за цртање, забава и разонода на малите штитеници на домот.

„Огромна благодарност до компанијата Mozzart за оваа голема донација која ја насочи кон станбените единици од Специјалниот завод Демир Капија, каде се згрижени малолетните штитеници на домот. Секоја помош за нас е од огромно значење и секогаш добредојдена, особено кога се работи за ваква донација од материјални добра кои се неопходни за функционирањето на домовите во подобри услови. Лаптоп компјутерите и музичките системи ќе се искористат за едукација и разонода на дечињата, како и големата количина на едукативни материјали и прибори за цртање и забава. Останатиот дел од техниката се употребува на дневно ниво и обновувањето на сите овие елементи е од огромно значење за нас.“ – изјави директорката на Специјалниот завод Демир Капија, Александра Велковска.

Регионалниот лидер во приредување на игри на среќа, компанијата Mozzart, во рамки на својата постојана кампања за општествена одговорност „Да бидеме општествено одговорни“, изминатиот период реализираше голем број на донации во разни установи и организации во различни региони во државата.

„Се надеваме дека оваа донација насочена во ЈУ Специјален завод Демир Капија ќе биде од голема помош и ќе придонесе во создавање на подобри услови за живот на штитениците во дисперзираните станбени единици. Континуираната грижа за општеството во кое делува Mozzart е една од главните вредности кои оваа компанија ги негува. Како општествено одговорна компанија помагаме и ќе продолжиме да помагаме секаде каде што тоа е потребно.“ – изјави Ивана Ололовска, маркетинг менаџер во компанијата Mozzart.

           

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка