29 Март, 2024
0.0287

MOZZART донира 50.000 евра на болниците низ целата земја за справување со коронавирусот

Објавено во: Мои пари 31 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Компанијата Mozzart подготви донација за болниците во износ од 50.000 евра, односно нешто повеќе од 3 милиони денари.Првата реализирана донација од 15.000 евра е наменета за Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Како поддршка за непречено функционирање на здравствениот систем во овие кризни моменти, лидерот во областа на приредување на игри на среќа – Моzzart Bet, донира 50.000 евра на македонските болници, распределени по приоритет, онаму каде што е најмногу потребно во првата борбена линија за справување со коронавирусот.

„Давајќи ја нашата несебична поддршка за непречено функционирање на нашиот здравствен систем во овие тешки и кризни моменти, вложуваме максимален напор во борбата со овој голем непријател. Се надеваме дека со оваа донација, ќе придонесеме во полесно справување со предизвикот кој ни претстои. Како и целиот свет и нашата земја не е одмината, а ваквите хуманитарни акции се од огромно значење. Како компанија која и досега е позната по својата голема општествена одговорност, ги повикуваме и другите компании и поединци да се вклучат кон овој пример. Воедно, апелираме граѓаните да останат во своите домови и да не ги ризикуваат своите животи, ниту животите на своите најблиски.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Првата реализирана донација во износ од 15.000 евра е наменета за Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Во следниот период компанијата Mozzart ќе донира уште 35.000 евра наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот.

Пандемијата на коронавирусот претставува силен удар за глобалната економија на која никој не е отпорен, но охрабрува тоа што постојат позитивни примери и мерки кои некои компании ги воведуваат со примарен фокусна своите вработени и нивните семејства.Од компанијата Mozzart истакнуваат дека еден од приоритетите е да ги зачуваат сите работни места и да обезбедат егзистенција за своите вработени.  

„Работењето на нашата компанија е во целост прилагодено на новонастанатата ситуација. Нашите уплатно-исплатни места привремено се затворени со што директно трпиме и огромни финансиски загуби. Свесни за ситуацијата, настојуваме секоја наша донесена мерка, на ниеден начин да не ги загрози нашите вработни. Освен донацијата, компанијата Mozzart ќе помогне и на нашата држава со тоа што даваме сè од себе да ги задржиме сите наши вработени. Со речиси 600 вработени ние сме едно големо семејство кое низ годините го создававме. Тие се нашиот најголем ресурс. Тоа значи, сите наши вработени, ќе ја добијат својата плата во полн износ и со сите сили ќе се трудиме така и да остане. Принудни одмори и отпуштања не се наша опција.“ – додадоа од менаџментот на компанијата Mozzart Bet.

Компанијата Mozzart е препознатлива како општествено-одговорна компанија која настојува да биде вклучена во повеќе сфери и преку различни акции и кампањи да придонесе онаму каде што е најпотребно, па токму затоа и ќе продолжи со хуманите гестови кои ќе помогнат во борбата со коронавирусот.


Можеби ќе ве интересира

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството