Можно е затворање на Албанија - од јануари се заразиле 700 деца
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 18 Февруари, 2021
Можно е затворање на Албанија поради големиот број на заразени деца со коронавирусот.
Во земјата од јануари Ковид-19 е дијагностициран кај 700 деца, а кај неколку и кавасаки синдромот. Скоро 80 отсто од болничките капацитети наменет за хоспитализација на деца се пополнети. Има и заразени бебиња кои се лекуваат дома. Албанскиот претседател Илир Мета ја обвини владата на премиерот Еди Рама во врска со преземените мерки против Ковид-19 и процесот на вакцинација нагласувајќи дека ситуацијата оди кон национална катастрофа. Претседателката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата и заменик министер за здравство, Мира Ракацоли, не ја исклучува можноста за второ затворање на Албанија поради влошената состојба со пандемијата.