МОЖНО Е ДА СЕ ЕВАКУИРА ЦЕЛ ГРАД - кај жителите на Петриња веќе се јави параноја
Објавено во: Балкан 06 Јануари, 2021
Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, истакна дека по последниот потрес сериозно се размислува и на евакуирање на целиот град.
„Овој удар беше страшен и предизвикува параноја кај граѓаните. Ситуацијата е катастрофална, од причина што градот и остатоците со ваков потрес даваат до знаење дека мора да преземеме други мерки“, рече Думбовиќ.
Ова следува откако денеска околу 18 часот нов земјотрес ја погоди Хрватска, кој траел повеќе од 10 секунди.
Според досегашните информации, срушени се неколку објекти, но нема информации за евентуални жртви.
ЕМСЦ најпрво извести дека земјотресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, но последователно објави дека јачината сепак е 5,0 степени.
Според првите податоци, епицентарот бил на околу 45 километри југоисточно од Загреб, во областа на Петриња.
Читателите на „Индекс“ известуваат дека потресот се почувствувал и дека долго траел и во Загреб, Вараждин, Славонски Брод… Тој се почувствувал и во дел од околните земји, известуваат од БиХ.