„Можевте да викнете на дружба“: Битиќи потсетува кој го потпиша договорот со германската БМЗ

Објавено во: Македонија 04 Септември, 2024
И поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи денеска со објава за новата инвестиција тешка 65 милиони евра.
Со картка објава и потсетување на потпишувањето на договорот со германската компанија за инвестирање во нов објект каде би требало да се вработат 700 луѓе Битиќи ги потсети и следбениците на Фејсбук, но и сега веќе актуелните носители на функции, дека тој го потпиша договорот со германската компанија, која пред два дена помпезно ја најавуваше премиерот Христијан Мицкоски.
- Можевте да викнете на дружба... - напиша Битиќи, еве ја неговата објава:
Денеска премиерот Мицкоски, при поставувањето на камен темелникот на новата инвестиција го спомена Битиќи.
- Да му се заблагодарам на поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи. Претпоставувам дека тој со тоа не успеал да ги убеди граѓаните доволно пред парламентарните избори до 8 мај, па оваа влада го заврши овој процес - рече Мицкоски.
Инаку оваа инвестиција беше најавена уште пред една година, на почетокот на септември минатата година.
- Со потпишувањето на договорот со БМЗ, портфолиото на странски инвестиции во нашата држава го збогатуваме и зголемуваме со нова инвестиција во фабрика за производство на батерии која ќе отвори 755 нови работни места - изјави тогаш вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Беше најавено дека инвестицијата ќе тежи 65 милиони евра и дека се планира годишен извоз од 360 милиони евра.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Честитката за независноста на Косово е упатена преку МНР

Жена со автомобил кој го бара Интерпол е фатена на Табановце

(ВИДЕО) ПО ПОВОД 17 ГОДИНИ ОД НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО: Група скијачи поставиле џиновско знаме на Попова Шапка

ОЈО: Извршен увид во Вишото обвинителство за случајот на злоупотреба на функција

НАД 11.000 ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ОВА СЕЗОНА – ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ ВО БОЛНИЦИТЕ: Забрана за посета на хоспитализираните пациенти

ДУИ ОБВИНИ ДЕКА ОВА Е ПРЕСЕДАН: Тврдат дека државниот врв не ја честитал независноста на Косово
ГАШИ ДОБИЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: На мејл му пишале дека ќе влезат во Собрание и ќе убиваат ако ги внесат Бугарите во Уставот

Митко Јанчев повторно пријави дека му се закануваат, едно лице веќе доби осум месеци затвор

КОЦЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ И КАЖА ЗОШТО ЈА ПРЕДЛОЖИЛ КРСТЕВСКА ЦАЛЕВА ЗА ШЕФИЦА ЗА ВЈО: „Нарушени се меѓучовечките односи“
