20 Април, 2024
0.0262

Може ли да се отвори повторно можност за злоупотреба на „црвената нафта“: На потег се пратениците

Објавено во: Економија 13 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Може ли повторно да се отвори дупка и акцизите на екстралесното гориво и на дизелот да се вратат по старо, што би било на штета на сите. Имено во Собранието се уште не се донесени измените на Законот за акцизи со кои и официјално изедначувањето, а акцизите на екстралесното масло и на дизелот законски се изедначуваат. Тоа во практика досега беше така откако Владата донесе на 23 јуни Уредба со законска сила во вонредна состојба со која направи измени за законот. Таа уредба истекува на 22 јануари и ако нема измени на Законот за акцизи, се ќе се врати на старо кога поради ниските акцизи екстралесното масло беше поевтино и често се користеше како погонско гориво со што се загадуваше околината.

Се стравува дека тоа би можело да се случи затоа има само уште 9 дена, а измените во Собранието од Влада стасаа вчера. Веќе се закажани седници до 18 јануари, но на нив ваква точка нема. Имајќи предвид како се одвива собраниската работа, можно е да се случи измените и да не поминат. 

Инаку, првично зголемување на акцизата на екстралесното масло за домаќинство и изедначување со акцизата на дизелот првично бараше Стопанската комора. Нивниот аргумент е дека транспортни компании ја злоупотребуваат оваа таканаречена црвена нафта како гориво, со тоа го оштетуваат и буџетот. Со употребата како погонско гориво овој нафтен продукт значајно ја загадува околината.

Кога ја донесе Уредбата во јуни, Владата соопшти дека по долги анализи и консултации одлучи со уредба да го промени Законот за акцизите за време на вонредна состојба со кои се изедначи акцизата на екстралесното масло за домаќинство со акцизата на дизелот како погонско средство и на тој начин да се оневозможи злоупотребата на користењето на „црвената нафта“ спротивно на неговата намена. 

„Притоа, истото ќе овозможи и сузбивање на сивата економија, заштита на животната средина, заштита на потрошувачите и пазарот од нелојална конкуренција и ќе се отстранат причините кои го оштетуваа Буџетот на Државата, граѓаните како и компаниите кои работат со нафтени деривати“, соопшти Владата.

За целиот период и од Регулаторната комисија сметаа дека тоа треба да се случи и го поздравија носењето на уредбата. Сега оттаму веруваат дека измените ќе се донесат во потребниот рок, а ако доколку не се донесе законот навреме, можноста за злоупотреби постои.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите