25 Април, 2024
0.0278

Може да се случи нова Сребреница, опоменува Путин

Објавено во: Свет 10 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Во Украина би можел да се случи масакр како во Сребреница, вели рускиот претседател Владимир Путин. 

Тој предупреди на можното сценарио ако украинските трупи ја преземат контролата врз границата со бунтовниците на истокот на земјата.

„Ако украинската војска ја преземе контролата врз границата меѓу Русија и источниот дел од земјата под контрола на проруските бунтовници, може да дојде до масакр сличен на оној во Сребреница кој се случи за време на конфликтите на Балканот“, кажа Путин, а пренесува Раша тудеј.

Ваквата изјава на Путин следи еден ден по првата средба со украинскиот колега Владимир Зеленски во Париз.

Помирувањето меѓу украинската влада и силите на самопрогласените Доњецка и Луганска Република, кои граничат со Русија, беше главната точка на дневниот ред.

Планот за мирот според Минските договори вклучува уставна реформа, амнестија на бунтовниците и избор на пратеници за украинскиот парламент кои ќе ги претставуваат жителите на наведените регони.

Киев се согласи на овој план, но се наведува дека прво мора да дојде до преземањето на границата.

Путин е изненаден затоа што нема Закон за амнестија по конфликтот во Донбас, иако разговорите за таков закон постојат уште од 2015 година.

Украина инсистира да ја преземе контролата над руската граница со Донбас пред изборите во регионот. Сепак, ова е во спротивност со договорите од Минск кои предвидуваат прекин на огнот, ослободување на заложниците, повлекување на вооружените сили и создавање автономни региони во земјата уништена од војната.

Луѓето во Украина синоќа одговорија со протест на исходот од мировните преговори меѓу нивниот претседател Зеленски и Путин.

Бараат од Зеленски да биде построг кон Путин и повнимателен кон процесот на заживување на мировниот процес.

Можеби ќе ве интересира

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму