МОСТ СЕ УРНА КАКО КУЛА ОД КАРТИ - тотален хаос во Дрезден, среде ноќ граѓаните слушнаа силна експлозија
Објавено во: Свет 11 Септември, 2024
Голем дел од мостот „Карола“ на реката Елба во Дрезден, кој го поврзува стариот град со другите делови, во текот на ноќта се урнал во реката, соопшти противпожарната служба.
Портпаролот на противпожарната служба изјави дека се урнале околу стотина метри од мостот, а поради оштетување на цевките е прекинато снабдувањето со топлинска енергија во градот.
Now Dresden also has a bridge collapsed...https://t.co/FtQ1io2Bmg pic.twitter.com/ORQsKRmcl5
— Antje Strauch (@dieastra) September 11, 2024
- Засега нема информации за повредени. Тоа значи дека на мостот во моментот на уривањето немало возила - изјави портпаролот.
Пожарникарите од утрово се на терен и се обидуваат да го обезбедат мостот, кој може да претрпи дополнителна штета. Граѓаните пријавиле дека слушнале силна експлозија.
Мостот „Карола“ е изграден во 1971 година и е еден од вкупно четирите моста на Елба во Дрезден.
Brücke in Dresden eingestürzt, Fernwärmeversorgung unterbrochen
— Puetz (@Bedb_Puetz) September 11, 2024
Das kommt davon, wenn unsere Steuergelder ins Ausland fliessen, für Gendertoiletten, Kriegseinsatz und Radwege#Buntland #Remigration https://t.co/1GQCE60QRZ
Фото: Принтскрин/Твитер