Москва молчи, а Ерменија тврди дека побарала воена помош од Русија
Објавено во: Свет 15 Мај, 2021
Ерменија побарала воена помош од Русија поради тензиите со Азербејџан. Русија официјално не ја коментираше изјавата на Пашинијан.
Ерменскиот премиер Николa Пашинијан изјави денеска дека побарал воена помош од рускиот претседател Владимир Путин во момент на тензии со Азербејџан по вооружениот конфликт во регионот Нагорно Карабах.
Тензиите се зголемија оваа недела кога Ерменија протестираше против упадот на азербејџанските трупи на нејзина територија. Азербејџан инсистира на тоа дека нивни војници биле распоредени на територијата што ја сметаат за своја во пограничната област.
Двете земји претходно, имаа краток воен конфликт, по кој Ерменија мораше да прифати примирје за кое во земјата имаше несогласувања и барања за оставка на премиерот.