29 Ноември, 2021
0.0196

МОРКОВИ, ПОРТОКАЛИ, ГРОЗЈЕ САМО НА СЛИКА: Во Британија нема добавувачи да донесат вистинско овошје и зеленчук

Објавено во: Свет 25 Октомври, 2021

Британските супермаркети користат картонски исечоци од овошје, зеленчук и други намирници за да ги пополнат празнините на полиците, бидејќи имаат сериозни проблемите со снабдувањето. Синџирот на супермаркети Teско почна да користи слики од аспарагус, моркови, портокали и грозје на рафтовите за свежи производи, што предизвика потсмев на социјалните мрежи.

„Мммм, вкусни фотографии од аспарагус“, стои во еден од коментарите на Твитер...„Ми се допаѓа што аспарагусот расте до оваа големина во Велика Британија...До климата е, сигурен сум“.

Купувачите забележале лажни моркови во Факенхам, картонски аспарагус во Лондон, слики од портокали и грозје во Милтон Кејнс и 2Д шишиња течност за перење во Кембриџ. Сето ова се случува поради недостигот од работници што доведува до слаба достапност на некои артикли во супермаркетите.

Освен недостигот на возачи на товарни возила, Британија се соочува и со се помач број на собирачи и пакувачи, како и погони за преработка на храна, што доведува до мала достапност на некои артикли во супермаркетите. Проблемите во пристаништата, каде што управителите се борат да се справат со порастот на испораките за празничната сезона, исто така доведуваат до недостаток.

Брајан Робертс, аналитичар за малопродажба во Shopfloor Insights, за Гардијан посочува дека слични тактики се применуваат на други места во супермаркетите веќе некое време. „Стана доста вообичаено. Тоа не е само поради недостаток, туку затоа што многу поголеми продавници сега се едноставно премногу големи “.

Вели и дека исечоците се една од низата тактики што се користат за пополнување на просторот, вклучително полнење на фрижидери за месо со шишиња сос од домати или мајонез, ставање пакувања пиво по цели рафтови и подигнување на големи постери или друг маркетиншки материјал.

Традиционалните супермаркети, кои можат да чуваат повеќе од 40.000 производни линии, ја усовршуваат својата палета на намирници за да ја подобрат ефикасноста за да можат да ги намалат цените и поефикасно да се натпреваруваат со дисконтите како Aldi и Lidl, кои продаваат помалку од 3.000 различни производи.

Тој процес е само забрзан со Брегзит и пандемијата, што доведе до недостаток на персонал и тешкотии во испораката на стоки. Супермаркетите и производителите го намалија опсегот на различни видови тестенини, кафе или чаеви што ги продаваат за да го олеснат протокот на стоката.


Можеби ќе ве интересира

Оваа земја две недели нема да прима странци поради новиот сој омикрон

Оваа земја две недели нема да прима странци поради новиот сој омикрон

Светот е во „трка со времето“ со омикрон, вели Фон дер Лајен

Светот е во „трка со времето“ со омикрон, вели Фон дер Лајен

ПО 200 ЕВРА КАЗНА ЗА ТОЈ ШТО ЌЕ ОДБИЕ ДА НОСИ МАСКА, СЕКОЈ НАРЕДЕН ПАТ ДВОЈНО - еве која држава е решена вака да се справи со омикрон

ПО 200 ЕВРА КАЗНА ЗА ТОЈ ШТО ЌЕ ОДБИЕ ДА НОСИ МАСКА, СЕКОЈ НАРЕДЕН ПАТ ДВОЈНО - еве која држава е решена вака да се справи со омикрон

Курц објави како ќе се вика неговиот син

Курц објави како ќе се вика неговиот син

ЗЕМАН СТОЕШЕ ВО ПОСЕБНА КАБИНА: Чешкиот претседател го назначи новиот премиер во посебни услови

ЗЕМАН СТОЕШЕ ВО ПОСЕБНА КАБИНА: Чешкиот претседател го назначи новиот премиер во посебни услови

ОМИКРОН ПОТВРДЕН КАЈ 13 ПАТНИЦИ КОИ СТАСАА ВО ХОЛАНДИЈА: И другите позитивни се во карантин

ОМИКРОН ПОТВРДЕН КАЈ 13 ПАТНИЦИ КОИ СТАСАА ВО ХОЛАНДИЈА: И другите позитивни се во карантин

ОМРИКОН КОВИД СТАСА И ВО АВСТРАЛИЈА: Двајца патници од Доха се во карантин

ОМРИКОН КОВИД СТАСА И ВО АВСТРАЛИЈА: Двајца патници од Доха се во карантин

ГРЧКИОТ ВЕТЕРИНАР, ПРВИОТ ЧОВЕК НА ФАЈЗЕР ЛАНИ ЗАРАБОТИЛ 21 МИЛИОН ДОЛАРИ: Платата и бонусот му пораснале за 17 отсто

ГРЧКИОТ ВЕТЕРИНАР, ПРВИОТ ЧОВЕК НА ФАЈЗЕР ЛАНИ ЗАРАБОТИЛ 21 МИЛИОН ДОЛАРИ: Платата и бонусот му пораснале за 17 отсто

САД забрани влез од седум африкански држави: Омрикон нов предизивик за Бајден

САД забрани влез од седум африкански држави: Омрикон нов предизивик за Бајден