16 Април, 2024
0.0336

Молдавија сака мирно решение и побара руската војска да го напушти Придњестровје

Објавено во: Свет 10 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Руската војска да го напушти Придњестровје, порачаа властите во Молдавија. 

Земјата сака мирно решение на конфликтот, вели молдавската премиерка Наталија Гаврилица.

Молдавија ја користи платформата на ОН за да побара повлекување на руската армија од молдавската територија Придњестровје и да го сврти вниманието кон кршењето на човековите права во регионот, кој е под контрола на непризнаен режим“, рече Гаврилица. 

Вели дека официјален Кишињев сака да изнајде мирно решение за конфликтот, што ќе овозможи развој на земјата за доброто на сите граѓани.

Придњестровје не е под контрола на Кишињев од почетокот на 1990-тите. Генералното собрание на ОН во јуни 2018 година ја повика Русија да ги повлече своите сили од Придњестровје. Резолуцијата беше поддржана од 64 држави, 14 беа против, а други 83  држави беа воздржани.

Молдавија на почетокот на месецот објави дека се подготвува за можни итни случаи. Таа ќе добие воена помош од Еврпската Унија(ЕУ). 

Проруските сепаратисти од самопрогласената Придњестровска Молдавска Република, неодамна тврдеа дека украинските сили се одговорни за бројни напади и експлозии, и се јави стравот дека и Молдавија може да биде вовлечена во конфликтот. 

Прорускиот регион од 420.000 луѓе е отцепен од Молдавија и е доста сиромашен. 

Регионот, во кој главно се зборува руски, се отцепи од тогашната советска Молдавија во 1990 година. По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, проруските сепаратисти водеа крвава војна со молдавските владини сили.

Можеби ќе ве интересира

ЧИНИ 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Украина тврди дека уништила руска радарска станица

ЧИНИ 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Украина тврди дека уништила руска радарска станица

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

ОГАН ГО ГОЛТНА СИМБОЛОТ НА КОПЕНХАГЕН! Драма во Данска: Позната историска зграда гори, кулата се сруши (ВИДЕО)

ОГАН ГО ГОЛТНА СИМБОЛОТ НА КОПЕНХАГЕН! Драма во Данска: Позната историска зграда гори, кулата се сруши (ВИДЕО)

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ИЗРАЕЛ ОДЛУЧИ КАКО ДА ГО ОДВРАТИ ИРАН ОД ПОНАТАМОШНИ НАПАДИ: Началникот на Генералштабот во посета на базата Неватим

ИЗРАЕЛ ОДЛУЧИ КАКО ДА ГО ОДВРАТИ ИРАН ОД ПОНАТАМОШНИ НАПАДИ: Началникот на Генералштабот во посета на базата Неватим

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза