20 Април, 2024
0.0276

Моќна земја најави светска војна ако биде нападната

Објавено во: Свет 19 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Ако ги нападнат САД и Саудиска Арабија, Иран се закани со светска војна. 

Иранскиот шеф на дипломатијата, Мохамед Џавад Зариф, денес, за Си-ен-ен изјави дека секој саудиски или американски воен напад против неговата држава ќе резултира со „целосна војна“.

Американскиот државен секретар Помпео, кој вчера беше во посета на Саудиска Арабија, го поддржа „правото на Ријад да се одбрани“ и порача дека „нема да се толерира“ однесувањето на Иран.

Зариф вели дека висок американски дипломат сакал да го одложи издавањето на визи за иранската делегација на претстојното генерално собрание на ООН. Но, не прецизираше дали тоа можеби е поврзаното со тоа што самиот Зариф се најде на црната листа на САД уште во јули. Зариф ги обвини американските сојузници и функционери дека сакаат да го „наговорат“ претседателот на САД, Доналд Трамп да влезе во војна со Техеран и додаде дека „за нивно добро подобро да се молат да не се оствари тоа што го сакаат“.

Министерството за одбрана на Саудиска Арабија вчера претстави материјален доказ за вмешаноста на иранскиот режим во нападот врз нафтениот објект Абкаик. 

„Податоците што ги собравме од компјутерите на беспилотните летала покажуваат дека тие му припаѓаат на Иран“, рече портпаролот на Саудиското Министерство Турки ал-Малки.

Зариф и натаму ја негира вмешаноста на Иран во нападите.

Можеби ќе ве интересира

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски