20 Април, 2024
0.0313

Мојсоска за Фактор: Владата прелева средства од приватниот сектор кон неефикасната администрација

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Зголемувањето на платите во јавната администрација треба да ја следи продуктивноста. Потребна е реформа за зголемување на ефикасноста на администрацијата, па патоа да се зголемат платите, вели професорката Никица Мојсоска Блажевски, директор на докторската школа на Универзитет Американ колеџ. Растот на платите во јавниот сектор, во став за Фактор таа го смета за еден од недостатоците на предложениот буџет за следната година, кој вчера го објави министерот за финансии Драган Тевдовски.

„Планиран е раст на платите во градинките, образованието и во јавната администрација. Во услови на ограничени јавни средства и поставена цел за консолидација на јавните финансии, ваквата мерка не е економски и општествено потребна и целисходна. Платата треба да ја следи продуктивноста. Оттука, прво треба да се направат дополнителни реформи во администрацијата, да се зголеми ефикасноста на истата, па потоа да се зголемат платите. Ова е уште повеќе важно во услови во кои слушаме како дел од администрацијата не оди на работа, вклучително и високи функционери, а ние сега зборуваме уште и за зголемување на нивните плати. Аргументите претставени од министерот за финансии, односно спречување на одлив на “мозоци” се издржани од една страна, но сепак платата не е единствен услов за исселување, вели Мојсоска Блажевски.

Според неа, воопшто не значи дека поголемите плати на наставниците ќе донесат поголем квалитет на образованието, што би требало да биде наша цел.

„Зголемувањето на платите на администрација паралелно со зголемување на даноците за граѓаните дава чувство на тоа дека владата прави прелевање на средства од приватниот сектор односно од вработените кон неефикасната администрација. Сепак, ваквата мерка или политика на пораст на платите е во согласност со идејата на владата за поттикнување на економски раст преку зголемени плати (она што го нарекуваат “спирала на плати”), што на кус рок би дало ефект врз растот на економијата, преку зголемена потрошувачка. Иако, барем јас, досега не сум слушнала за ваква парадигма на раст, сепак би оставила простор дека може да даде ефекти, но на кус рок. Растот, на долг, рок, го движи продуктивноста, а не цената на трудот односно платите, вели професорката.

Вели дека генерално, предлог Буџетот за 2019 година ги рефлектира приоритетите на Владата а тоа се реформа во социјалната сфера, намалување на нееднаквоста и сиромаштијата, зголемени вложувања во човечки капитал и забрзување на ЕУ и НАТО интеграции. Сепак како други недостатоци ги набројува и тоа што со буџетот е ставен мал акцент на економскиот развој односно средствата предвидени за инвестиции и рамномерен регионален развој.

„Исто така, определбата за реформирање на социјалната парична помош и воведување на минимален гарантиран доход, зголемување на опфатот на домаќинства корисници на помошта, воведување на социјална пензија не е доволно рефлектирана во предложениот буџет. Имено, зголемувањето на средствата за оваа намена изгледа ниско и недоволно за предвидените реформи. Од друга страна, планиран е голем пораст на расходите за одбрана (7,8 милијарди денари), износ кој е поголем од збирот на планираниот раст на расходи за сите други програми односно од социјала, образование, инвестиции, активни мерки за вработување, вели Мојсоска Блажевски.

Вели дека за да се даде целосна оценка на предлог Буџетот за 2018 година, истиот би требало да се разгледува заедно со Програмата за економски реформи 2019-2021, но, таа допрва треба да биде подготвена.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?