МОЈДДВ: Колку пари се вратени назад кај граѓаните?
Објавено во: Економија 19 Февруари, 2020
Повеќе од 8.5 милиони евра се враќаат назад кај граѓаните со мерката МојДДВ заклучно со јануари 2020 година, изјави Бетијане Китев од СДСМ.
Тој кажа дека досега преку Управата за јавни приходи повеќе од 6 милиони евра се исплатени кај над 325 илјади граѓани.
„Ветивме „пари назад кај граѓаните" и тоа го остваруваме. По втор пат граѓаните на своите трансакциски сметки добиваат исплата на парични средства преку мерката МојДДВ“, вели тој.
Изјави дека мерката е препознаена и поддржана од граѓаните.
Власта ја воведе оваа мерка, со цел да се намали сивата економија.
МојДДВ им се допадна и на властите во Албанија, и тие планираат да го воведат.