20 Април, 2024
0.0261

Модната куќа Кокев и Здружението за кардио торакална хирургија во заедничка хумана акција

Објавено во: Мои пари 23 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Модната куќа Кокев во соработка со Здружението за кардио торакална хирургија на РМпочнуваат кампања со наслов “Docendo discimus” што значи „Учејќи го другиот, се учам себеси“.


Оваа кампања има за цел да ја подигне хуманоста кај нашите граѓани, се со цел да се соберат средства, кои ќе бидат донирани на крајот од годинава во форма на стипендија наменета за студенти по медицина, кои имаат семејни примања под просечна плата во РМ и просечна оценка на студирање над 8.0. Сите студенти, кои ќе добијат стипендија, сумата од собраните средствата ќе бидат јавно објавени.

„Чуствувам огромно задоволство што Здружението за кардио торакална хирургија започнува соработка со модната куќа Кокев, која ќе послужи за да се помогне во доедукацијата на студентите по медицина. Благодарен сум и на Тања Кокев што го препозна овој проект како можност да придонесеме, колку што е во наша можност преку ваква хуманитарна акција да се помогне на оние кои им е потребна финансиска поддршка, се со цел тие студенти кога ќе станаат доктори да го пренесат своето знаеење во нашата држава“ изјави детскиот кардио хирург и претседател на ЗКТХ, спец. д-р Владимир Чадиковски.


По повод овој хуман проект, Кокев дизајнираше специјални маици, кои наскоро ќе бидат пуштени во слободна продажба. Официјални фотографи на кампањата ќе бидат АниДими. Маиците ќе се продаваат на мобилни штандови и преку онлајн уплата на посебна жиро сметка, која здружението дополнително ќе ја објави.


„Иако станува збор за исклучително сериозна тема, кардио торакална хирургија, сепак во договор со доктор Чадиковски дизајнот ќе биде забавен и симпатичен и се разбира ќе го носи препознатливиот моден печат на Кокев. Искрено се надевам дека на овој начин преку продажба на маиците, ќе успееме да собереме средства, кои ќе бидат дополнителен стимул за студентите на кои навистина им се неопходни за да можат да се дошколуваат. Имам амбиија да креираме маици, кои ќе станат препознатливи, не само поради тоа што ќе го носат знакот на Кокев, туку поради нивната крајна цел. Чувствувам огромна одговорност што др Чадиковски го избра брендот Кокев за овој хуман проект и ова за мене претставува дополнителна амбиција да дадеме се од себе како тим и со тоа да ја возвратиме довербата која ни е дадена“ вели Тања Кокев.




Фото: АниДими

Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција