19 Април, 2024
0.0262

МНОГУ ЗОШТО, МАЛКУ ЗАТОА - што го натера Заев да понуди, Ахмети да „се нечка“, а Мицкоски да одбива заедничка Влада

Објавено во: Македонија 06 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Што ли му стана на премиерот Зоран Заев да ја изненади јавноста со една идеја за заедничка Влада со ВМРО-ДПМНЕ, само неколку дена откако 62 пратеници му изгласаа доверба во Собранието, со тоа потврдувајќи го парламентарното мнозинство.

Тој утрово буквално фрли политичка бомба во јавноста, за прв пат отворајќи ја можноста за формирање на заедничка Влада со ВМРО-ДПМНЕ, по примерот на Германија која така функционира веќе 15 години.

„Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицкоски не се разговара“, рече Заев.

И покрај тоа што има мандат од уште три години, премиерот не бега од ова прашање, туку напротив, го отвора. Причина за тоа е што не може да се најде решение со закоченоста во Собранието, а за тоа како виновник го посочува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого не може да најде заеднички јазик, за разлика дури и од еден Никола Груевски. Според првиот човек на СДСМ, на овој начин би се департизирала администрацијата и би се разбил клиентелизмот во судството.

ВМРО-ДПМНЕ ова го дочекаа со еден вид ликување. Христијан Мицкоски е во изолација поради коронавирусот, но неговата партија рече дека би прифатиле експертска Влада, само ако неа ја предводи натпартиска личност.

Потоа изјава даде и пратеникот Антонио Милошоски, кој во објавата на Заев виде потврда дека на Македонија и е потребна нова и поинаква влада.

„Доколку експертската влада на чело со човек кој што би бил заеднички прифатлива натпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се организираат и предвремени парламентарни избори ние сме спремни да разговараме за таков концепт.“, рече Милошоски.

Но, Али Ахмети не е подготвен да ја дели Владата со нови „станари“. Според него, опозиција треба да има и таа треба да биде надвор, а не внатре во власта. 

„Опозицијата ги дава своите забелешки, дури и ако не се во право, затоа што улогата на опозицијата, не само кај нас, туку и во сите напредни земји, е таа. Само во посебни случаи тие можат да станат дел од важен процес, во спротивно тие имаат должност да не се согласуваат со парламентарното мнозинство“, изјави Ахмети.

Останува отворено прашањето зошто одеднаш премиерот излегува со ваква, во најмала рака нетипична идеја, и дали е ова своевидно признание дека со опозицискиот инает за носењето на закони во Собранието, тоа е навистина невозможно, бидејќи многу тешко се обезбедува кворум, и покрај потврденото парламентарно мнозинство.

И зошто, пак, Ахмети не ги сака некогашните долгогодишни коалициски партнери внатре во власта, туку преферира да ги гледа во опозициските редови. 

И конечно, дали ВМРО-ДПМНЕ, една ваква, барем доколку не се бараат скриени намери, интересна идеја, ќе ја прифати, или ќе преферираат да ја продолжат битката за сами да ја освојат власта, кажувајќи ги уште сега како опција предвремените парламентарни, заедно со локалните избори. 

А прашање е дали во сето ова прсти има замешано и странскиот фактор во земјава.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?