29 Март, 2024
0.0263

ММФ ГИ НЕМА РОЗОВИТЕ ОЧИЛА НА ПОЛИТИЧАРИТЕ - што ни предвидуваат

Објавено во: Финансии 28 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Монетарците не се толку големи оптимисти како македонските власти кога станува збор за растот на економијата. Тие за годинава ни прогнозираат стапка на пораст од 3,4 отсто, за разлика од Владата која направи похрабра проекција, и се надева дека домашната економија ќе порасне за 3,8 проценти.

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд неодамна беше во земјава и ја „скенираше“ економската состојба, по што очекуваат дека растот ќе забрза годинава, но инвестициите и извозот би можеле да забават, поради полошата состојба кај земјите трговски партнери, но и поради претстојните избори.

Во извештајот нема само пофалби, туку и предупредувања, во вообичаениот нивни дипломатски манир  - да не се заборават реформите, но и власта да ги стегне јавните финансии. Контрола на корупцијата, а администрацијата да се поодобри - тоа се барања од кои не се откажуваат.

Ако веќе ги зголеми платите и пензиите, а го замрзна прогресивниот данок, укажуваат од ММФ, тогаш да се потруди да ја подобри наплатата на приходите во буџетската каса, но и да ги намали земјоделските субвенции. За минималната плата, пак, велат дека иако многу се зголеми, нема да ја намали сиромаштијата, и не е во согласност со ниската продуктивност.

КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ СЕ ПОД ПОТРЕБИТЕ НА ЗЕМЈАТА

Монетарците заклучиле дека економската активност е силна, а растот на БДП се проценува дека ќе зајакне на 3,2 отсто за минатата година, за која, пак, ние се уште немаме информации за последниот квартал. 

За 2019 очекуваат вкупниот фискален дефицит да остане под 2 проценти од БДП, одржувајќи го јавниот долг стабилен. За капиталното трошење велат дека значително се зголемило во однос на 2018, но укажуваат дека и натаму е под буџетските планови, и покрај инвестициските потреби на земјава.

По долготрајната политичка криза, економијата влезе во период на солиден раст и стабилност. Во текот на последните години, властите го обновија моментот на реформите, со круцијални институционални и владини реформи и напори да се направат јавните финансии поодржливи и правични. Преку овие активности, тие се здобија со значителен кредибилитет на политиката, и економијата се обнови“, напишале од ММФ.

РАСТОТ НА МИНИМАЛНТА ПЛАТА НЕ Е ВО СОГЛАСНОСТ СО НИСКАТА ПРОДУКТИВНОСТ

Растот, според монетарците, се очекува да забрза во 2020 година. Во тоа ќе помогнат зголемените плати и пензии, но ефектот ќе биде еднократен.

„Пониските даноци и повисоките пензии и плати - вклучително и во јавниот сектор и минималните плати - се очекува да обезбедат дополнителен стимул за потрошувачката, иако еднократен. Растот на извозот и инвестициите ќе остане стабилен, но малку забавен, како одраз на слабиот раст на трговските партнери. Оваа умереност би можела да стане поизразена доколку тензиите на глобалната трговија се влошат или инвестициските планови се одложат поради неизвесност за време на изборниот период“, се вели во извештајот.

Според нив, власта мора да остане на патот на реформите. Овој период на солиден раст треба да се користи за фискална консолидација и обнова на фискалниот простор, со цел економијата да може да се справи со идните шокови. 

Покрај подобра наплата на приходите и кратење на земјоделските субвенции, се бара да се зголемат капиталните инвестиции.

„Консолидацијата ќе бара стабилно спроведување на веќе одобрените реформи кај пензиите и персоналниот данок на доход, како и засилена администрација на приходите и рационализација на земјоделските субвенции. Овие мерки ќе направат простор во буџетот за зголемување на основните капитални расходи и за намалување на инвестицискиот јаз. Ова треба да биде поткрепено и со зајакнато управување со јавните инвестиции“, се вели во извештајот.

Минималната плата треба тесно да се усогласи со продуктивноста. Укажуваат дека нето минималната плата е зголемена кумулативно за 44 проценти од 2017 година, додека растот на продуктивноста е низок. 

„Минималната плата се проценува дека достигнува 53 отсто од просечната плата во 2020 година, што е висока според регионалните стандарди. Овие зголемувања можеби не се ефективни во намалувањето на целокупната сиромаштија и може да имаат негативни ефекти врз формалното вработување и конкурентноста“, децидни се од Фондот.

КОНТРОЛА НА КОРУПЦИЈАТА И ЕФИКАСНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Ако сакаме да сме побогати, владеење на правото мора да се обезбеди. Од ММФ велат дека иако растот е солиден во изминатите две децении, тој не беше доволен да се намали големиот јаз во приходите на земјава со оние што ги имаат европските граѓани. За да се приближиме побрзо, мора уште да се подобри јавната администрација, да се обезбеди владеење на правото и контрола на корупцијата.

Реформите за решавање на неформалната економија ќе помогнат во подобрување подобрување на деловната клима и заштита на работниците. Зајакнувањето на ефикасноста на даночната администрација треба да биде приоритет, комбинирано со мерки што ја зголемуваат довербата на јавноста во институциите и даночниот морал“, велат од ММФ.

БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ Е ЗДРАВ

Монераците нагласуваат дека кредитниот раст е солиден, а нефункционалните заеми остануваат релативно ниски. Монетарната политика е соодветна. 

Иако девизните резерви се адекватни, централната банка треба да продолжи да гради тампон против можни домашни или надворешни шокови. Доколку се влоши надворешното опкружување, НБРСМ треба да биде подготвена да ја заостри монетарната политика“, објаснуваат од ММФ. 

За банкарскиот систем велат дека е здрав, но потребни се напори за натамошно ублажување на кредитниот ризик. Банкарскиот систем е добро капитализиран и ликвиден, но безбедноста треба и натаму да се зголемува, сметаат од ММФ.

„Натамошно зајакнување на рамката за финансиска стабилност останува приоритет. Надлежните органи почнаа да ја зајакнуваат супервизорската и регулаторната рамка, вклучително и преку подобрување на известувањето за ризикот на ликвидноста на банките и зголемување на интензитетот на надзорот за домашните системски важни банки... Потребен е натамошен напредок во мрежата за финансиска безбедност, преку воведување на сеопфатна рамка за банкарска резолуција и усогласување на шемата за гаранција на депозитите“, стои во извештајот.

Своевремено монетарците своите заклучоци по посетите на земјава ги кажуваа на прес конференции, но сега тоа го прават преку писмени извештаи.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка