Младо момче загина во сообраќајка на патот Ново Село - бугарска граница
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2020
Момче на возраст од 21 година од селото Ново Коњарево, струмичко загина во сообраќајна несреќа на патот Ново Село - бугарска граница, а три лица се повредени и префрлени во струмичката болница на лекување.
Несреќата се случила 30 минути по полноќ, во судар на автомобили форд и мерцедес на излезот од Ново Село.
Ова е втора жртва во последната недела во струмичко. Претходно, на Бадник почина 63 годишен жител од струмичко Пиперево во тешка сообраќајка на патот кон населеното место Добрашиници, а други две беа полесно повредени.