Митко Чавков: Започнувам штрајк со глад
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2020
Митко Чавков започнува штрајк со глад во штипскиот затвор затоа што на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност не му било дозволено да оди на операција на коленото.
Чавков, како тогашна златна команда за протестите пред Собранието и за време на нападот, осуден е на 18 години затвор за терористичко загрозување на безбедноста во Собранието на 27 април.
“Заради грубо кршење на Уставно загарантираното право на здравствена заштита, вградено и во Законот за извршување на кривични санкции, заради АРБИТРЕРНОТО толкување на правото на здравствена заштита од директорот на Казнено поправниот дом Штип, пристапувам кон ШТРАЈК со глад“, се пожалил Митко Чавков, пренесува „Курир“.
Тој тврди дека имал уредна медицинска документација за потребата од оперативен зафат кој трае, како што вели, само два дена и документација за закажани датуми за преглед и операција. Со тоа биле запознаени одговорните раководители и директорот на КПД Штип. но бил усно одбиен.
„Заради арбитрерното токување на позитивната обврска за здравствена заштита од државата, ќе бидат запознаени и Комитетот за превенција и заштита од тортура и ќе поднесам кривична пријава за сомневање за извршено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување како и тужба за кршење на уставно загарантираното право на здравствена заштита, вели Чевков.
Чавков бара писмено известување з апричините поради кои е одбиен, а засега смета дека тоа е така поради „звучноста“ на неговото име. Според него, се работи за политичка координација заради попречување на правото на здравствена заштита и акт на системска тортура.