29 Март, 2024
0.0286

Мистеријата за бебешката мафија и исчезнувањето на новороденчињата, во психолошката драма ,,Калап“

Објавено во: Мои пари 07 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Инспирирана од вистински настани и признанијата на родителите на исчезнатите бебиња во Србија, “Калуп“ ги руши табуата за идиличниот живот во Југославија.

Мини драмската серија на сценаристот и режисер Вук Ршумовиќ фрла сосема ново светло на ЈУ живеењето на т.н.  уреден систем на вредности и довербата во државните институции.

За колку пари може да се купи бебе, како тоа може да се продаде во странство, кој се профитира и кој ги игра највалканите игри - вистинска приказна за уништени илјадници животи, очајни судбини играни за сметка на профит.

Аферата со “исчезнатите бебиња“ започнува во 1960-тите, кога новороденчињатапод сомнителни околности биле прогласени за мртви, без потврди за смрт и придружна медицинска документација. Најголем број случаи се забележани во 1970-тите и 1980-тите, а многу родители се уште ја бараат вистината за нивните деца, за кои тврдат дека им биле украдени и продадени на богати брачни парови низ Европа и остатокот од светот, и дека тоа е организирана „беби мафија“, зад која стоеја тогаш структурите на југословенските власти.

Дејството на серијата е сместено во денешно време во Белград, каде поранешен полицаец, а сега приватен детектив се обидува да открие што се случило со исчезнатите бебиња и како всушност биле организирани бројни киднапирања зад кулисите на медицинските установи во Србија.

На покана на група родители на исчезнати бебиња, приватниот истражител Љуба влегува во навидум непробојниот систем на српските институции со цел да им ја пренесе вистината за нивните деца, колку и да е сурова.

Насловот на серијата е инспириран од примероците складирани во одделот за патологија, каде од 1978 година се чуваат „калапи“ со делови од ткива на починати лица. Станува збор за делови од мозочно, срце и белодробно ткиво, кои биле земени од починати бебиња и сочувани на дрвени штици по обдукцијата, кои потоа биле вградени во медицински парафин.

Главните улоги ги толкуваат: Миливоје Обрадовиќ, Нада Шаргин, Саша Торлаковиќ, Ана Маљевиќ, Игор Филиповиќ, Цеца Бојковиќ, Бане Зеремски, Дубравко Јовановиќ... Интересен  факт е дека композитор на музиката за серијата Васил Хаџиманов.

Проектот ,,Калап“ е еден од победниците на натпреварот за медиуми на Европската унија.

„Исчезнатите бебиња“ со години е регионална медиумска сензација а авторите на серијата имаат критички осврт на повеќето медиуми во Србија.

Во периодот од 2001-2006 година во Србија има 1339 пријави за “исченати бебиња“. Пред судот во Стразбур, само во 2003 година, имало стотина тужби на родители од Србија, кои се сомневаат дека нивните деца биле киднапирани и продадени, откако биле прогласени за мртви со лоши објаснувања и очигледен недостаток на медицински докази. Депресивно е што до ден денес не е решен ниту еден случај на исчезнати бебиња.

На 29 февруари 2020 година под притисок на родителите, здруженијата и медиумите (како и филмските проекти) усвоен е „Закон за утврдување на фактите за статусот на новороденчињата за кои има сомнеж дека исчезнале од породилиштата во Република Србија“.

Психолошката драма “Калуп“ може да ја најдете на првата македонска стриминг платформа Gley. Во секое време, со кого сакате, каде сакате, без реклами од вашиот таблет, телефон, smart TV, или преку MaxTV приемниците уживајте со содржините од богатата филмска програма на он лајн видеотеката Gley.mk.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија