28 Март, 2024
0.0276

МИСТЕРИЈА: Kaде е златото на СССР?

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Kaде е златото на Комунистичката партија на Советскиот сојуз е прашање кое веќе 30 години ја мачи јавноста во Русија и целиот свет.

Со распадот на СССР се создаде фама околу парите кои со децении се слевале во касата на Комунистичката партија на Советскиот сојуз. После неуспешниот пуч на едно крило на КПСС во 1991-ва година, полицијата упадна во трезорот на Централната банка каде пронајде „само“ 240 тони злато, иако Комунистичката партија располагала со далеку поголеми количини на злато.

Сомнежите ги подгреаа низата на самоубиства на комунистичките чиновници, па така за само еден месец тројца сметководители на партијата извршија самоубиство скокајќи од прозорите во зградите каде што живееле.

Според истражувањето на руската телевизија „Звезда“, веднаш по пучот имало неверојатна серија на самоубиства во Советскиот сојуз – во следните неколку месеци дури 1,746 партиски чиновници си го одзеле животот.

На почетокот на 90-тите министерот Јегор Гајдар ја ангажирал американската агенција „Крол“ која се занимавала со трагање по тајните сметки на највисоките светски лидери. Американската агенција требала да открие дали навистина Комунистичката партија на СССР располагала со огромни количини на злато.

Инаку, Комунистичката партија само од месечната членарина која чинела од 1,3% до 3% од платата на секој член на партијата, заработувала милиони долари секоја година, а исто така се продавала и литература која граѓаните практично морале да ја купуваат.

Партијата поседувала хотели, санаториуми и огромен број на административни згради, а се претпоставува дека партијата во тоа време годишно имала приход од 3 милиони долари, додека истовремено можела да земе пари и од државната каса. Кога државата се распаднала, парите се префрлени во странство преку мрежа на банки која СССР ја основале на Западот. Според пресметките на руска „Звезда“, од СССР после распадот излегле неверојатни три илјади милијарди долари.

Но, потоа истрагата сопрела, а извештајот исчезнал.  Според руските медиуми, во извештајот се наоѓале имињата на бројни луѓе од Комунистичката партија кои ги распределиле парите, а против нив тој не се осудил да проговори.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“