Мишел Платини спроведен во притвор
Објавено во: Свет 18 Јуни, 2019
Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, беше уапсен поради корупција, односно за давање недозволива помош Светското првенство во 2022 година да се организира во Катар.
„Медиапарт“ во Франција тврди дека Платини е спроведен во притвор како дел од истрагата за одлуката за тоа кој да биде домаќин на Светското првенство.
Легендата на францускиот и светскиот фудбал беше прв човек на УЕФА помеѓу 2007 и 2015 година, пред да биде забранета неговата функција од Комитетот за етика на ФИФА.