20 Април, 2024
0.0405

Mисајловски: Заев по секоја цена сака да го има утре имунитетот и како пратеник да се заштити самиот себеси

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Заев и СДСМ ќе избегаат од предлогот за кандидат за мандатар за да имаат имунитет за тоа што го направија, порачува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во интервју за Курир.

Предлогот кој го даде лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, според Мисајловски е европски и чесен. Од оваа идеја, вели партискиот потпретседател, бегаат премиерот Заев и неговите најблиски соработници за утре да можат да се заштитат самите себеси.

Ова е интересна практика која ја има во европските држави. Интересна е како можност, но и добра е како практика да ја примениме.  Се зборува за еден шпицен кандидат, односно новиот мандатар кој ќе ја направи Владата. По Устав, секој кој ќе биде кандидат за пратеник мора да биде пратеник, но целта ни е тој што ќе победи нека ја состави Владата, но тој што ќе изгуби ајде да видиме дали ќе си поднесе оставка. Ние мислиме дека Зоран Заев по секоја цена сака да го има утре имунитетот и тој како пратеник да се заштити самиот себеси за сето она кое го направил. Не само тој, и тие најблиски луѓе околу него сигурно ќе ги видиме на пратеничките листи за да имаат имунитет, за да имаат фотелја во Собранието, да можат да се штитат поради сето тоа што го направија. Затоа ние велиме, ајде да излеземе со овој предлог, па да видиме кој ќе ја состави новата Влада, бидејќи тие се фалат дека многу добро работат, ајде да го видиме тоа. Да видиме кој ќе ја состави Владата. Многу чесно, многу европски и ракавицата е фрлена. Но, мислам дека ќе избегаат и од ова. Ова е нешто ново да го примениме во Република Македонија, а од друга страна да се види карактерот на тој што ќе биде прв човек утре кој ќе ја прави Владата, истакна Мисајловски.


Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители