МИСАЈЛОВСКИ ЗА МИРОВНИЦИТЕ ВО ЛИБАН: Во случај на загрозување на нивните животи ќе реагираме
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2024
Тројцата наши мировници нема да бидат повлечени од Либан, во моментов се добро, вели министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Сепак, објаснува дека на Блискиот Исток е тензично.
„Но, во случај на загрозување на нивните животи или слична состојба „ќе реагираме и ќе алармираме“, објасни министерот за одбрана, во Дневникот на ТВ Сител.
Тројцата офицери на македонската армија кои се дел од мировната мисијата на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) се чувствуваат добро.
Тие функционираат како што треба под италијанска команда.
Вчера 34 земји кои се дел од мисијата на Обединетите нации во Либан потпишаа заедничка изјава со која ја реафирмираат потребата од заштита на мировниците на УНИФИЛ и со која ги осудуваат најновите напади врз нив.
фото принтскрин