25 Април, 2024
0.0457

Министерството за економија ќе ги испрати до Влада предлозите за недела како неработен ден

Објавено во: Економија 01 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за економија, под чија надлежност се дејностите како трговијата, угостителството, занаетчиството и туризмот како дејности, треба да ги испрати на разгледување во Владата своите предлози за законското решение кое се подготвува за регулирање на недела како неработен ден.

Крешник Бектеши, министерот за економија, на вчерашната прес-конференција, меѓудругото рече дека со законското решение кое го подготвува Министерството за труд и социјална политика, веќе направена е анализа, од која може да се заклучи дека е извесно дека само трговијата на големо нема да работи во последниот ден од седмицата.

- Анализиравме како тоа ќе се одрази на Законот за трговија и тоа значи дека кај трговијата на мало нема да има промени и тие ќе работат в недела, додека кај трговијата на големо ќе има промени за кои дополнително ќе отвориме дебата со коморите, рече Бектеши.

Министерот додаде дека под трговија на големо се мисли на големите супермаркети и магацини. Вели дека за нивното неработење во неделите има неколку опции кои Министерството за економија треба да ги испрати на разгледување во Владата. Бектеши додаде дека за угостителите и туристичките компании мислењето е дека не треба да се направат никакви законски измени во периодот што следува и дека тие ќе продолжат да работат и в недела, односно доколку има измени кај нив, ќе биде потребно период на прилагодување.

Претходно министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ја испрати до другите ресори драфт-верзијата на разгледување и од таму за седум дена треба да достават мислења за измените на Законот за работни односи.

-Пред се, говорам за угостителство, за трговија, за туризам…Тоа се области кои се предмет во регулирање во Министерството за економија. Дополнително, Министерството за транспорт и врски ги регулира областите во делот на јавниот превоз кој функционира и во недела, околу тоа колкав ќе биде опфатот дали сите ќе работат, непрекинато како во обичен работен ден…МИОА регулира некои области. Како МТСП и врз основа на анализата ценевме и сфативме дека медиумите не се регулирани, рече Шахпаска.

Министерката рече дека со сигурност во недела ќе работат само оние дејности кои имаат витални секојдневни функции како здравство, полиција, противпожарните служби, комуналните служби кои се под ингеренции на општините и други.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?