20 Април, 2024
0.0276

Министерството за труд без министер до избори

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за труд и социјална политика ќе функционира без министер до парламентарните избори на 12 април, откако ВМРО-ДПМНЕ до синоќешното распуштање на Собранието не даде нов предлог како алтернатива за разрешената Рашела Мизрахи.

Наследничката на Мизрахи, која беше разрешена од Собранието под изговор дека не го почитува уставното име на јавните настапи, требаше исто така да биде предложена од редовите на опозициската партија како дополнителен технички министер на МТСП.

Ова индиректно го потврди и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата по распуштањето на Собранието, објаснувајќи го потегот како намера да не се прифаќа играта на техничкиот премиер Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Спасовски и вчера упати јавен апел до опозицијата да предложи наследник за Мизрахи, која заедно со Наќе Чулев на чело на МВР според пржинскиот договор се еинствените двајца министри кој раководат владин ресор при тоа предложени од опозицијата на 100 дена пред изборите. Таа инаку беше отповикана доцна во петокот.

Заменик-министерка Санела Шкријељ ќе го води МТСП до изборите, а потоа до формирањето на нова Влаа овој ресор ќе го раководи редовниот заменик-министер - Ѓонул Бајрактар.


Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан