29 Март, 2024
0.0566

Министерот Спиро Ристовски ги учи менаџерите на висока етика!

Објавено во: Мои пари 22 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Економско социјалниот совет со кој заседаваше Министерот Спиро Ристовски, донесе неколку насоки кои се однесуваат на управувањето со пензиските друштва:

„Се предвидува преку засилување на принципите на добро корпоративно управување и внатрешната ревизија да се подигне нивото на управување со пензиските друштва и пензиските фондови во насока на заштита на интересите на членовите на пензиските фондови. Во таа насока, стои во соопштението, се очекува одговорните лица во пензиските друштва да применуваат стандарди на висока етика и интегритет и на ниту еден начин нема да бидат под влијание на конфликтни интереси и секогаш да се информирани (да се во тек) со прашањата кои се релевантни за нивните одговорности и при тоа ќе се грижат слични стандарди да се применуваат од вработените и секое лице кое ќе го ангажираат за да им помогне во управувањето со пензиските фондови“, се вели во соопштението од советот.

Причините за изменување на Законот за добороволно капитално финансирано пензиско осигурување се во начело исти како и кај претходниот закон, соопшти Министесртсвото за труд и социјална политика. На седницата членовите на Советот беа запознаени и со содржината на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, со посебен осврт на прашањата поврзани со поглавјето кое што се однесува на социјална политика и вработување.  Покрај напредокот во оваа област беше истакнато дека ЕСС ќе продолжи со своите активности во насока на натамошно подобрување, унапредување на работата на ЕСС и на социјалниот дијалог. На барање на синдикатите, иницијативата на Организацијата на работодавачите на Македонија за измени на Законот за работните односи се одложи за следната седница на Економско-социјалниот совет

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија