29 Март, 2024
0.0260

Министерот Николовски доби плакета за најуспешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Објавено во: Агробизнис 21 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Земјоделското здружение “Современо Земјоделство” на министерот Љупчо Николовски, му додели плакета за  најуспешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од здружението посочија дека оваа плакета е резултат на мерките кои министерот Николовски и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ги имаат преземано во изминатава година и половина, за развој на земјоделството.

Миистерот Николовски изјави дека оваа плакета ќе биде поттик и во иднина МЗШВ уште поинтензивно, да работи на политики кои ќе бидат во корист на земјоделците и ќе го поттинкат развојот на агросекторот.

“Голема чест и задоволство ми беше да ја примам плакетата за најдобар министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ова е поттик да продолжиме понатаму, да работиме уште поинтензивно, да разговараме со секој земјоделец и да креираме мерки според нивните потреби. Само заедно можеме да постигнеме развој во секторот, повисок стандард и подобар живот за земјоделците во Македонија. Резултатот од нашите мерки, на коишто посветено работиме, е видлив. Во првото полугодие од годинава имаме раст на земјоделството и учеството во БДП од над 3 отсто, пораст на вработеноста во секторот земјоделство, пораст на преработувачката индустрија во земјоделството. Само заедно можеме да создадеме мерки кои ќе придонесат за создавање на одржливо и конкурентно земјоделско производство, кое ќе може рамо до рамо да се носи со европското земјоделство”, порача министерот Николовски.

Инаку здружението за земјоделци „Современо Земјоделство“ организираше манифестација за „Избор на најуспешни во областа на земјоделството за 2018 година“ каде изборот на најуспешните беше само во областа на земјоделството и оваа манифестација ќе биде единствена од ваков тип во државата.

Во рамки на манифестацијата, беше организиран и мини саем за земјоделски производи, механизација и трактори, дегустација на традиционална пелагониска храна, вино, пиво, млечни производи, мед и друго. На официалниот дел, освен за министерот Николовски, плакети за успешност добија и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, советничката за земјоделство на Претседателот на Владата на РМ, Ленче Николовска, земјоделци и компании од земјоделскиот сектор.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи