Министерот Хасан одеше пеш со часови за да се сретне со Атиџе
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2020
Министерот без ресор за привлекување странски инвестиции, Елвин Хасан денеска поминал 36 километри пеш за да се сретне со Атиџе Муратова, главниот јунак од филмот „Медена замја“ кој доби две номинации за Оскар.
Хасан на Фејсбук сподели фотографии од посетата.
„Пешачевме околу 36 километри (7часа) од с.Дорфулија до с.Бекирлија каде што живее хероината и каде беше снимен филмот. Низ филмот Хатиџе не учи на изгубените вредности, а гледаме и како алчноста на луѓето ја уништува земјата. Филмот достигна светски успеси, има добиено бројни награди и две номинации за Оскар. После нашиот разговор со неа увидовме дека покрај успехот на филмот скромноста, гостопримството и добрината на Атиџе се неизмерни“, пишува тој.
Приказната на Атиџе и нејзината храбост ги воодушевија македонските граѓани.фото Фејсбук