19 Април, 2024
0.0273

Министерката на ВМРО-ДПМНЕ отишла во Заводот во Демир Капија и видела ужас

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, го посетила Специјалниот завод во Демир Капија, сакајќи на лице место да утврди и да се увери во какви услови престојуваат штитениците на Заводот.

Од средба и разговорот со вработените била информирана за моменталната состојба во заводот. Од нејзиниот кабинет соопштија дека таму, од најавените реконструкции, видливи биле само искречените ѕидови.

„За хуманоста во условите во коишто престојуваат овие корисници не можам да зборувам. Овие услови се нехумани, нечовечни. Ова е чисто ужасие. Од најавените поправки на Специјалниот завод можеме да најдеме искречени ѕидови, додека инсталацијата водоводна, електрична е сѐ уште онаа од 56-та односно 58-ма година. Условите за хигиена се никакви, луѓето се препуштени сами на себе. Од помпезните најави можам да го кажам следново: на почетокот на владеењето на Социјалдемократскиот сојуз оваа установа имала 227 корисници со 41 неговател. Тоа значи еден неговател секој ден се грижел за 6 корисници. Мисијата е невозможна. На еден корисник треба да има еден негувател”, изјави министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи по обиколката на Специјалниот завод.

Објавија и фотографии за да ги аргументираат овие тврдења.

Мизрахи рече дека ќе се заложи оваа состојба да се промени, а штитениците да ја добијат потребната грижа, нега и пред сѐ човечни услови за живот бидејќи секој заслужува да има пристоен живот. 

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени