25 Април, 2024
0.0362

Минималната плата „рипна“ на 14.500 денари

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Минималната плата рипна за две илјади денари, или, од 12.507 денари колку што досега изнесуваше, таа во иднина ќе биде 14.500 денари. 

Ова денеска го соопшти премиерот Зоран Заев, кој најави дека е постигнат договор со бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата на 14.500 денари.

„Во 2017 година ја зголемивме минималната плата за 3.500 денари, и досега изнесуваше 12.507 денари. Сега ја зголемуваме дополнителни 2.000 денари и ќе изнесува 14.500 денари“, изјави премиерот Заев на заедничката прес конференција во Владата, заедно и со претставници на бизнисот.

Потеницра дека до крајот на мандатот се надева дека ќе ја постогнат целта минималната плата да достигне 16.000 денари, а просечната 30.000 денари.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија рече дека ова е исправен чекор, бидејќи следува по долг период депресирани лични примања. 

„Има противници во нашите редови кои тоа нема да можат да го остварат, тоа се трудоинтензивните дејности, затоа треба да биде проследено со сет на мерки за да им помогнеме“, рече Азески. 

Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи, рече дека ќе има затворање на компании, помалите ќе одат во поголемите.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев вели дека не очекува да има многу такви компании. 

„Минималната плата е заштита на најзагрозените категории и не е тоа нешто со кое правиме притисок врз компаниите, напротив ние се обидуваме да им помигнеме со две мерки, прво со субвенционирање на придонесите на овој раст, и преку Законот за финансиска поддршка“, вели Анѓушев. 

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?